Зошто Лептокариа е одлично место за летен одмор

од  |  0 коментари

Лептокариа, типичен туристички град кој го заплискува Егејското море. Лептокариа лежи под Олимп, по новиот автопат Солун-Атина на најубавиот дел на брегот, 90 км југозападно од Солун. Називот на населеното место во превод значи ‘’диви лешници’’.  Во античко време областа околу Лептокариа била втора по важност во тогашна Македонија, веднаш по Солунскиот регион. Потоа била под Римска власт во ерата на Византија, за подоцна како и сите околни територии да ја дели истата судбина и да подпадне под Турска власт ,1913 година Грција повоторно под своја заштита ја зема Летокариа.
л
По втората светска војна овде започнува интензивен развој на туризмот поради големото влијание на близината на двата големи туристички центри Паралиа и Олимпик бич, како и градот Катерини. Атрактивноста на овоа место покрај убавите песочни плажи доаѓа и од добрата инфтраструктура, многуте новоизградени сместувачки капацитети. Лептокариа е едно од најомилените места за патување.

Оваа област се карактеризира со медитеранска клима, кристално чисто топло море и пријатни ноќи, што за гостите од сите генерации нуди одлични услови за одмот. Понудата на ова туристичко место се многуте таверни, барови, кафичи, дискотеки, продавници, маркети, рент-акар агенции, шеталиште, сувенири, продавници за накит, крзно…
За разлика од другите места во оваа област цените во Лептокариа како цените на угостителските услуги се доста пониски од останатите.

 

Плажи во Лептокариа

Олимписката ривиера се простира од Паралиа на север до Платамонас на јужниот дел  ги опфаќа летувалиштата Паралиа, Олимпик бич, Литохоро, Лептокариа, Платамон, Неи Пори. Најпопуларни се во оваа област во близината на Лептокариа се Leptokaria beach.

пл4

пл3
Оваа плажа е  широка и пространа плажа со барови и кафичи , секогаш можете да најдете слободна лежалка или пак чадор а локалните мештани се секогаш љубезни и опуштени. На плажата на секои 50 метри има тушеви и кабини за преслекување.

Mylos beach се наоѓа на 2 км северно од Лептокариа . Плажа со ситни камчиња. На плажата лоцирани се неколку кафичи , ресторан со базен, кабини и тушеви како и терен за одбојка на плажа. Паркингот е доста простран но единстцвениот проблем е што е експониран на сонце.
пл2

пл

Pralia Skotinas  е плажа оддалечена 5 км од Лептокариа на патото спрема НеиПори. Се одликува со својот ситен песок.

 

Атракции во Лептокариа

Дворец Платомонас – oвој дворец го изградиле Византијците во 13тиот век за подоцна да го преуредат Французите. Тврдината е лоцирана на југоситочната страна на Олимп. Највисоката кула која има дупли зидини, прва е изградена и за време на крстоносните битки била седиште  на папата Бонифациј  за подоцна да биде доградена како воена тврдина затоа што нуди поглед на целата област Пиериа.

Олимп е највисоката планина во Грција , на неа се наоѓа највисокиот врв на Балканот. На грчки Олимп значи сватла планина. Таа во Грчката митологија била дом на дванаесет богови: Зевс, Хера, Посејдон, Арес, Хермес, Хефест, Афродита, Атина, Аполон и Артемида.

Летокариа ресторани, таверни, грчка кујна

Кога станува збор за ресторани може да се каже дека Лептокариа изобилува со фаст фуд ресторани каде нормално, гирото е најбарано и највкусно. Во однос на цените, тие варираат од 2еур до 2,5 еур. Нормално на места можете по одлични понуди на локалите пиво и гиро да добиете за цена од 3 евра вкупно. Во рестораните за љубителите на традиционална храна и и најразлични домашни специјалитети како мусака, сувлаки, ќофте, пасти, морски специјалитети, риба…

Цените по рестораните се движат од 7 евра за школки или лигњи во сос. Цените на пијалаците се движат во следниот ранг сок 1.20 евра-1.5 евра , пиво на точење околу 3 евра, како и домашното вино кое морате да го пробате.
гггггг
Ноќен живот и забава

Доколку сакате да се запознаете со вистинскиот грчки дух и нивното културно лето во Летокариа иматре прилика за тоа. По локалите можете да видите и да искусите најразлични традиционални грчки танци кои умеат да бидат доста забавни. Најдобар почеток на вечерните часови за излегување е секако делгата прошетка по должината на плажата во самиот центар на местото. Во паркот кој се наоѓа во близината на центарот на летокариа сместен е детскиот град за забава каде има клацкалки, лулашки и гумен град за скокање и различни активности доколку сте на одмор со своите најмили.
За помладите или пак за паровите има широка понуда на дискотеки , одлични ресторани со фантастична храна, казина, барови.,… До плажата се наоѓаат и два барови кои се ‘’all day all night’’ каде најчесто се опрганизираат одлични журки со познати грчки и светски DJ-и. Љубителите на ноќниот живот ќе уживаат во забавата во ноќните клубови Different Paraliјa , како и во дискотеката San Lorenco. Shark е популарна дискотека на три нивоа , оддалечена е на 5км од Лептокариа кај Катерини.
Таксито до тука има цена од околу 5 евра , 5 евра е и цената на влезниците  со која воедно добивате и пијалак.

Повеќе околу понудите за Лептокариа за ова лето кликнете на следниот ЛИНК: