Вака ќе препознаете квалитетен мебел од дрво

од  |  0 коментари

Кога купувате мебел од дрво треба да земете во предвид неколку нешта. Во продолжение се неколку препораки како да ја донесете вашата одлука при купување.

  1. Тип на дрво

Мебелот од дрво може да се изработи од неколку типови дрва како меко, тврдо или преработено дрво. Тврдото дрво или полно обично обезбедува одличен квалитет, цврстина и долговечност. Во секој случај, може да бидат многу скапи. Најдобра опција би била преработеното дрво како на пример иверица која нуди симпатичен изглед и цврстина, или фурнири и ламинати со добар квалитет.

 

  1. Карактеристики на дрво

Секој вид на дрво е различен . Познавајќи го типот на истото може да ги одредите неговите карактеристики.. Прво погледнете дали површината изгледа добро. Нијансираните може да бидат многу вредни и скапи истовремено. Тврдото добро ги поседува сите овие добри карактеристики.

Image result for wood

 

  1. Конструкција на мебел

Конструкцијата дефинира како мебелот ќе изгледа, колку време ќе ве служи, како ќе функционира. Иако треба да сме свесни дека разликата меѓу рачната изработка и преработеното дрво е голема.

 

  1. Финиш на дрво

Подразбира 3 работи. Брусење, полирање и боење/лакирање. Најпрво оди обработката на дрвото. Тоа е фаза кога ја добиваме формата на мебелот. Потоа е полирањето или измазнувањето кога дрвото треба да стане беспрекорно мазно. И на крај како финиш за краен ефект е боењето.

Image result for wood staining

  1. Боја на дрвото

Тука е моментот кога вистинското ремек дело се доловува. Секој обожава различно дрво и различни нијанси, па поради тоа околу изборот нема дилема. Изборот дефинитивно останува на вас.

 

  1. Дизајн

Крајниот ефект на мебелот го дава дизајнот на самиот модел. Но, секако треба да е се комплетно и вклопено за да биде привлечно, функционално и долготрајно.

Image may contain: people sitting, living room, table and indoor