Дневно светло и бела боја идеални за модерен дизајн на ентериер

од  |  0 коментари

Потполно користење на природното светло е голем приоритет на секој дом. Прозорот од дневниот простор го исполнува целиот престој со светло со помош на добро поставени огледала. Дрвениот под искомбиниран со светло сив бетон, визуелно го зголемуваат просторот.

Секој простор добива “душа” благодарение на деталите – декоративни украси, рамки за слики, уметнички дела, цвеќиња, огледала, светилки… кои се клучните елементи во ентериерите кои имаат автентичен карактер – изберете ги правилно.

Нека поголемиот дел од собните врати бидат изработени од стакло, кои би овозможиле непречено влегување на светлината.

Белата боја дава автентичност на просторот. Бели ѕидови, бели постелнини, одредени парчиња мебел во бела боја, како и лампите, може да ја определат централната тема на ентериерот.

Белата тема и дава на секоја соба елегантен и софистициран изглед. Бидејќи белата боја одлично се комбинира со другите бои и материјали, ентериерот има акценти на изложениот дрвен под искомбиниран со светло сив бетон, мебел во неутрални нијанси, како и на растенија кои на секоја соба им даваат посебен карактер.