Зимата и сувата кожа за жал одат заедно, но постои начин како да го победете тој проблем

од  |  0 коментари

Кога температурите се ниски, се намалува количеството на влага во воздухот, а централното греење се појачува на максимум. Како резултат на тоа се намалува хидратацијата на надворешни слоеви на кожата, а тоа може да предизвика појава на првут, чешање, чувство на замор и болка.

Зимата е период кога заштитниот механизам на кожата слабее, истакнуваат демартолозите. Ако не се третира правилно, ќе крвари, ќе пука и генерално ќе изгледа страшно.

Купете соодветен лосион за тело

Вашиот стар лосион ќе ја хидрира кожата само во рок од неколку часа. Ви треба навистина моќна подготовка за да Ви овозможи долгорочно решение. Без оглед на видот на кожата, препорачуваме производи кои содржат навлажнувачи како што се глицерин, хијалуронска киселина или уреа и оклузивни состојки како што се нафта, путер или некои други масла.

Некои од најновите формули содржат повисока концентрација на оклузални, што може да ја задржи кожата хидрирана 24 часа. Сепак, експертите препорачуваат дека навлажнувачкиот лосион се нанесува два пати на ден.

Prefer лосионите за тело

Парфемскиот лосион Prefer освен што ја хидрира и обновува кожата истовремено го задржува и убавиот мирис на кожата долго време. Тие се наменети за сите типови кожа. Соджат природен емулгатор и висока концентрација на провитамин B5, кој интензивно ја навлажнува кожата. Збогатени се со витамин Е кој има антиоксидативно и регенирачко својство правејќи ја кожата еластична и седефаста.

Со Prefer можете да ја хидрирате кожата и да уживате во различни мириси …

OCEAN OF LOVE   концентрација на парфем со ноти на зелена мандарина, воден јасмин и ѓумбир.

DREAM PASSION  концентрација на парфем со ноти на лотос, бамбус и круши.

SWEET DESIRE концентрација на парфем со ноти на црна риблиза и ирис во комбинација со ванила и цветови на портокал.

DEEP MISTERY концентрација на парфем со ноти на мандарина, мошус и мимози.

Хидратација

Многу од постојните состојки кои ефикасно ја хидратираат кожата дејствуваат со врзување на постоечките молекули на вода во клетките на кожата – така да им се даде она што им е потребно.

Нанесете лосион или крем на влажна кожа веднаш штом ќе излезете од кадата. Истражувањата покажаа дека ако нанесувате навлажнувачки крем во текот на првите пет минути по капењето, во кожата останува дополнителна количина на влага.