Одличен додаток на вашето кафе

од  |  0 коментари

Состојки:

500 гр. брашно

170 гр. шеќер

250 гр. путер

100 гр. чоколадо за готвење (крупно изрендано)

100 гр.  кикири за готвење (издробени)

1 печиво

2 јајца

 

Подготовка:

Во еден сад измешајте ги брашното, печивото, чоколадото и кикирите.

Во друг сад изматете ги јајцата и шеќерот. Потоа додадете го путерот. За полесно матење исечете го путерот на коцки. Потоа додадете ја смесата во садот со брашното и замесете ги состојките. Ако тестото и понатаму е лепливо, додадете брашно.

Од тестото оформете мали топчиња и потоа сплеснете ги. Поставете ги на хартија за печење и печете на 220 степени.