Органаутс на Меѓународниот саем за земјоделство и храна – АГРА

од  |  0 коментари

Од 26 до 31 август, во Горња Радгона, на крстосницата на Словенија со Австрија, Хрватска и Унгарија, ќе се одржи 61-виот Меѓународен саем за земјоделство и храна АГРА. На овој престижен настан, Органаутс ќе биде присутен со своите уникатни органски производи од Балканот.

Органаутс, познати како „Органските Морнари“, се компанија која произведува и тргува со најдобрите органски производи со подолг рок на траење од Балканот. Нашиот фокус е на дистрибуција на деликатесни производи од Балканот, обезбедувајќи уникатно искуство на несекојдневни и традиционални производи и додатоци во исхраната.

Нашието портфолио вклучува органски производи од гроздје како Маџун и слатко од Маџун и различни видови на плодови или зеленчук, органски 100% цедени сокови од јаболко и аронија и путери од јатки.

Поканети се да не посетите на нашиот штанд на АГРА и да ги искусите нашите уникатни органски производи!

Извор: Органаутс