Првата бебешка прошетка во зимските месеци. Дали на бебињата му е ладно надвор?

од  |  0 коментари

Кога новороденчето може прв пат во зимски услови да се изведе надвор?

Кога мајките би можеле да бираат кога ќе се родат нивните малечки, тоа сигурно не би било зима. Причините се бројни: облеката бавно се суши, бебето не можете да го изведете на прошетка, облачните, снежни и ладни зими… И за мајките и за бебињата…

Шала на страна, на бебињата кои се родиле во зима треба повеќе да се биде внимателен.

*Ако температурата на воздухот  е над 15 степени, а папочната рана зараснала, бебето може кратко да оди на прошетка.

*Ако температурата е пониска од 15 степени, треба да се почека бебето да наполни еден месец пред да излезете надвор.

* Со бебе не се излегува надвор ако температурата е под минус 10 степени.

Во зима околу пладне е најтопло. Па најдобра опција за прошетки е тогаш. Гледајте прилагодете го ритамот на бебето во тој период. Првите пет дена изнесувајте го на тераса или пред куќата но претходно добро затоплено. Само да се навикне на свеж воздух.  Најпрво десет, па 15, па 20 минути… Должината на прошетките постојано зголемувајте ја. Така што ќе достигнете до 2 часа. Зошто бебињата се исклучително осетливи на температурни промени, бидејќи центарот за терморегулација сеуште не се развил онака како треба.

Дали на бебињата му е ладно надвор?

Уживањето во свежиот воздух го подобрува сонот, апетитот, расположението, го подигнува имунитетот и допринесува за подобра општа состојба на децата , а и возрасните. Осве тоа, бебето би требало освен другото да го учи и запознава светот околу себе.

Колку време бебето смее да остане надвор? Која е најниска температура на која смее да остане?

Не подолго од два часа. Треба често да се проверува дали му се топли рацете и нозете, дали се добро заштитени од ладното.

Ако почне да кемка или плаче, треба да се вратите дома, зошто очигледно прошетката во тој период не му годи.

Што се однесува на облекувањето, треба да се облекува потопло и во гардероба со повеќе слоеви. Скафандер во вакви пригоди е добредојден зошто го штити целото тело, особено грбот. Задолжителна е капа која ги покрива ушите, шалче и ракавици.

Обувките се од исклучителна важност. Треба да се топли, а ако детето проодува треба да бидат ортопедски и водоотпорни. Количките за прошетка во оваа сезона имаат заштита и топла подлога на местото каде бебето лежи (може и ќебе).

Напомена! Со бебе никогаш не треба да шетате ако дува ветер, врне дожд, има магла или снежи.