Скопје – Достапно до сите

од  |  0 коментари

Проектот “Скопје град за сите” е подготвителен проект за имплементација на поголема програма за пристап до информации  за физички пристапна инфраструктура за лица со попречености. Програмата имплементира дигитално решение кое мапира, оценува и корегира пристапност на објектите и ја објавува на апликација која лицата со попреченост може да ја користат преку повеќе медиуми.

Повеќегодишната програма “Скопје град за сите“ е конципирана за подобрување на инфраструктурата за движење и можноста за информирање каде да се движат за лицата со посебни потреби во Град Скопје.  Програмата “Скопје град за сите“ има за цел да ја подобри инфраструктурата за слободно движење  и да воспостави информационен систем кој ќе им гоолесни движењето на лицата со посебни потреби.

Проектот “Скопје град за сите” е подготвителен проект за имплементација на поголема програма за пристап до информации  за физички пристапна инфраструктура за лица со попречености. Програмата имплементира дигитално решение кое мапира, оценува и корегира пристапност на објектите и ја објавува на апликација која лицата со попреченост може да ја користат преку повеќе медиуми.

ЗГПК Без Ограничувања работи во делот на социјална инклузија на лицата со попреченост, со посебен акцент на лица со параплегија и квадриплегија и спроведува проекти кои придонесуваат за подобрување на состојбите во општеството за оваа категорија на граѓани. Подигањето на свеста за потребите на лицата со попреченост е од витално значење за едно општество, бидејќи на тој начин се зајакнува социјаната сигурност, имаме финансиски помалку зависни граѓани, а со тоа и посилна економија. Целта на Здружението е преку кампањи и проектни активности да се допре до што поголема група на граѓани, кои не се свесни  за можностите и потенцијалите на лицата со попреченост, да бидат информирани, дека лицата со  попреченост се еднакво вредни и дека со обезбедување на услови за нивно нормално  функцинирање во општеството, тие даваат еднаков допринос за добробит за секој еден од нас, за општеството и државата.  Придржувањето до начелата на КПЛП е водилка во процесите на размислување, а подоцна и пишување и спроведување на проекти и кампањи кои се во насока на осовременување на нашето  општество и подигање на јавната свест за потребиите на лицата со попреченост.

Здружение за адаптивни спортови „Рекреакција“ спроведува 8 месечен проект за промоција на способностите и можностите на лицата со попреченост преку адаптирани спортови, со крајна цел, подигање на свеста во општеството за капацитетите на оваа група граѓани, како и за нивно мотивирање за активна партивипација како активни чинители. Покрај спортските активности, во рамките на овој проект, се спроведуваат и едукативни  работилници за лица со попреченост за животни вештини, обука за новинари за описменување за известување за лица со попреченост и обуки за медицински персонал за работа со лица со попреченост.

Фонцацијата Импакт е основанa како одоговoр на плановите за креирање поддршка за развој од приватниот сектор во Република Северна Македонија. фондацијата е релативно нова организација која ќе се бави со иницијативи за одржлив развој меѓу кои социјална инклузија. За таа цел Фондација Импакт потппиша меморандум за соработка со организацијата  “Без Ограничувања” и со СЕЕ Проект  од Р. Србија за имплементација на сложено решение за социјална инклузија на лица со попрречености.