Темелно чистење на кожата со Класичен третман за лице

од  |  0 коментари

Класичен третман за лице или хигиенски третман е наменет за темелно чистење на кожата од вишокот на себум (маснотии) и наталожените мртви клетки на површината на кожата..

Придобивките од овие третмани се состојат во тоа што после третманот кожата е чиста, со зголемена циркулација на крв во поткожното ткиво. Ова пак го зголемува дотурот на кислород до клетките и моќта на кожата за апсорпција (впивање), кое им помага на активните состојки од препаратите да навлезат во кожата и да го остварат своето целосно дејство.

Класичниот тртман се состои од механички пилинг, масажа и лимфна дренажа на лицето, вратот и деколтето.

Постапка на третманот

  • Чистење на кожата
  • Пилинг на лицето
  • Парење на кожата под вапазон
  • Чистење на лицето од акни
  • Серум за затварање на порите
  • Маска во зависност од типт на кожата
  • Хидратација на лицето со нанесување на хидрантна крема според типот на кожата

Кога е во прашање негата на кожата особено лицето, најдобро е да се препуштите во рацете на професионалци каде ќе добиете целосен третамн и темелно чистење на вашето лице.