![](https://www.zivotistil.mk/wp-content/uploads/2019/05/EPINAL_PHOTO_MURATO-660x400.png)
Тимот на Епинал на планинарскиот марш на Пелистер
од 0 коментари
|
Докажано е дека планинарството претставува стил на живот којшто следи одредени вредности, принципи и одговорности кои го обликуваат нашето однесување.
Така и тимотна Хотел Епинал Спа и Казино, Ле Гранд Казино Битола & Скопје, како и тимот на Ресорт Маврово, со заеднички здружени сили зедоа учество на планинарскиот марш на Пелистер, во чест на Димитар Илиевски-Мурато, кој на 10 мај 1989 година беше првиот македонски алпинист кој се искачи и го освои највисокиот планински врв на Хималаите.
Целта и идејата позади овој тим билдинг е градење на подобра соработка и развој на тимскиот дух помеѓу членовите, како и подигнување на мотивацијата и креирање на позитивна работна атмосфера.