Чистење и одржување на кожен мебел
Jumis luxury се грижи за своите потрошувачи и после купување на мебел од нивниот салон. Дава до знаење како грижата за мебелот може да ја продолжи неговата трајност и убавина, и како да го задржите изгледот како првиот ден кога сте го купиле.
Пред чистење утврдете каква кожа е во прашање бидејќи на некои типови не трпат вода и неопходно им е машинско чистење . Важно е редовно гарнитурата да се поминува со мека четка. Мебелот од кожа бара редовна “нега“ доколку сакате да го задржите првобитниот изглед, без содзадени пукнатини, избледени делови и да трае со години. Со соодветни производи за чистење, ќе изгледа како и првиот ден кога сте ја внеле во вашиот дом. Но имајте на ум дека е покомплицирано да се одржува од дрвениот или стаклениот мебел.
Пред чистење утврдете каква кожа е во прашање. Спомнавме дека некои се чистат само со вода, некои со посебни средства, а некои трпат и раствор кој може сами да го направите во домашни услови. Потребен е само сапун, неколку меки памучни крпи и дестилирана вода, зошто водата од чешма содржи хлор кој може да остави трајни оштетувања.
Ставете неколку капки течен сапун за да добиете густа пена. Со кружни движења најпрво нанесете на места кои не се изложени на погледи. Ако кожата добро го пројде тестот, во сапуницата натопете една крпа, убаво исцедете ја и избришете ја цела површина.
Друга крпа повторно натопете во дестилирана вода и тгнете ги трагите од сапуница. Со трета сува крпа соберете ја целата влага, а со четврта исполирајте со средтсво за хидрирање за да го вратите сјајот. Овој метод применувајте го на секои три до четири месеци. Еве уште неколку важни совети од Jumis Luxury:
- Капките кои останале задолжително да се отстранат од мебелот, бидејќи кожата е пропустлива и ако мала течност навлезе низ неа ќе се појави флека.
- Избегнувајте абразивни средства и груби ткаенини зошто може да ја оштетат површината. Исто така избегнете производи кои содржат гел или силикон, средства на база на амонијак, бебешки марамчиња и др. Водете сметка кожниот мебел да не биде изложен директно на сонце бидејќи може да побледи. Освен тоа не му годат ниту топлина од радијатор и клима уред.
Отстранување флеки
* Флеките од храна се ублажуваат со лимонов сок, премачкајте со него и после 10 минути пребришете со влажна крпа натопена во малку течен сапун, па со сува крпа.
* Траги од пенкало – веднаш испрскајте ги со лак за коса и истријте ги со крпа на која сте нанеле малку капки масло од еукалиптус.
* Мрсни дамки од масло ќе исчезнат ако ги триете со сува памучна крпа, никако со мокра зошто само ќе ја влошите состојбата.
* Дамки од штампарска боја најлесно се отстрануваат со аеросол спреј, после тоа пребришете ги со мека крпа.
Сите совети за одржување се добри. Сепак, најправилно решение за чистење и одржување на гарнитурата од кожа е професионална услуга од фирмите за хемиско чистење кои имаат поголемо искуство и соодветни средства за сите видови проблеми.