ЈОГАТА И НЕЈЗИНИТЕ ЗДРАСТВЕНИ ПРИДОБИВКИ

од  |  0 коментари

Позитивните дејства од практикувањето на јога произлегуваат како од директното влијание врз одредени психофизиолошки функции, така и од начинот на изведбата на јогиските техники. Бавната изведба на динамичните и статичните положби овозможува постепено загревање и отпуштање на целокупната мускулатура, ослободување на тензијата од телото, насочување на вниманието кон активната зона и постигање свесност за промените во неа.

Еднакво важен елемент е и чувството на удобност во секоја положба, зашто движењата се лесни, но контролирани, со што се постигнува состојба на релаксираност и свесност во текот на целиот час.Ваквата работа со телото резултира со зголемување на енергијата, подобрена циркулација на крвта, стимулирање на работата на ендокриниот и дигестивниот систем и урамнотежување на работата на нервниот систем.

Продлабоченото стомачно и градно дишење ги снабдува белите дробови со доволно кислород, врши масажа на внатрешните органи и ги смирува емоционалните состојби и работата на умот. Самото насочување на вниманието кон дишењето создава услови човекот да стане свесен за актуелната психичка состојба и за расположението што преовладува и постепено да навлезе во состојба на спокојство и релаксираност.

10   здравствени придобивки од јогатa

1,Дишете подобро                                          2. Ја подобрува циркулацијата и го зајакнува срцето

3. Дава сила                                                    4. Ја подобрува флексибилноста

5. Ја управува болката                                 6. Носи душевен мир

7. Ја осознавате сегашноста                        8. Го ублажува стресот

9. Го подобрува здравјето на телото         10. Ја регулира тежината

 

Јогата им помага на луѓето подобро да се осознаат себеси и помага за подобро поврзување меѓу умот и телото. Фокусот на дишењето и мускулите помага на концентрацијата врз сегашноста. Ова ја подобрува концентрацијата, координацијата, времето за реакција и дури меморијата.

Многу луѓе кои практикуваат редовно јога, велат дека тоа носи чувство на внатрешен мир. Јогата носи ослободување од стресот, ја намалува анксиозноста, депресијата и чувството на страв. Сите овие позитивни последици ја подобруваат проценката, го зајакнуваат нервниот систем и го подобруваат расположението. Ова води до подобра самосвест и подобра врска помеѓу умот и телото.

https://www.youtube.com/watch?v=gQqE3tm7TjI             

https://www.youtube.com/watch?v=7UpWgS7WtGg