8 работи кои треба да ги знаете за Јапонската метода

од  |  0 коментари

Јапонската метода за исцртување на веѓите  не создава ефект на вечерна шминка, туку ги отстранува дефектите на вашите природни веѓи и го подобрува нивниот природен изглед. Моментално најпопуларна метода за исцртување на веѓите е Јапонската метода.

Најчесто поставувани прашања и нивните одговори кои ќе Ви бидат од помош.

  1. Колку време е потребно за третманот исцртување на веѓите?

Третманот за веѓите трае околу еден час и половина. Половина час е потребен за одржување на анестезијата, а остатокот од времето се користи за одредување на обликот, симетријата и примена на бојата.

  1. Кога се прави корекција на веѓите?

Корекцијата се прави 20 до 40 дена после исцртувањето на веѓите. После првиот третман (пред корекција) можно е губење 30% од исцртаните влакненца.  На корекцијата се корегираат изгубените влакнеца и се намалува бојата.

  1. Дали е болно исцртувањето на веѓите?

Болката на исцртување на веѓите може да се спореди со болката кога ги кубите веѓите. Анестезијата се применува и пред и за време на третманот. Се трудиме да го минимализираме нивот на болката, но не може да се каже дека е целосно безболно.

  1. Колку долго ќе ви траат веѓите? 

Пигментот трае неколку години, но не може да се гарантира дека веѓите ќе бидат убави по една година, како и првиот ден. Затоа еднаш годишно ви препорачуваме да ја освежите бојата. Со редовно годишно одржување, им го продолжувате животот колку што сакате. За проблематична кожа ќе бидете информирани дека бојата ќе трае многу пократко отколку за здрава кожа и дека освежување на бои ќе се бара почесто од еднаш годишно. Боја за освежување може да се направи до три пати годишно.

  1. Како се одредува форма и симетрија на веѓите?

Симетријата на веѓата се пресметува со апарат или рачно, кога клиентот миже и е во мирување односно не прави никаква мимика. Пресметката на гравитационите точки на веѓата се одредува според јасни принципи во однос на коренот на носот, аркадата и близината на очите.

 

  1. Како да ги негувате исцртаните веѓи?

Пост-третман грижа вклучува одредени креми после третманот. Нивната употреба обично трае 4-5 дена. Нанесете неколку пати на ден во тенок слој.

По третманот, може да се појави мала црвенило, но брзо се повлекува.

Процесот на благо потење е неизбежен и започнува на 4-ти и завршува на 7-ми ден (поединечно).

Првите 7 дена по третманот, не се препорачува пливање во море, река, базен, солариум, сончање, сауна, шминка над веѓите.

  1. Кој не треба да ја користи Јапонската метода?

Исцртувањето на веѓите не е наменето за оние кои имаат лузни, себоричен дераматит во делот кај веѓите, дијабетичари, оние кои земаат лекови за разредување на крвта и оние кои се склони кон алергии.

  1. Што е најважно!

Најважно е дека кога ќе дојдете на третман, да  не сте нервозни, нестрпрливи, несигурни. Имајте на ум дека правите важна работа која првенствено ќе ве разубави и ќе ги намали вашите секојдневни потреби за цртање на веѓите.