Зошто е важен сонот за бебето?

од  |  0 коментари

На бебињата сонот му е неопходен за да се одморат. Отприлика како на возрасните со тоа што бебињата растат и учат интензивно што дополнително го исцрпува малиот организам. Значи сонот е неопходен на бебето исто како храната, љубовта и негата. А на родителите убаво им доаѓа малку одмор додека нивните ангели спијат.

Вистинско место

Како и возрасните , така и бебето сака да има свое удобно, чисто и топло место за спиење. Иако на почеточ ќе ви изгледа дека бебето може насекаде да спие. Но многу брзо ќе покаже што му се допаѓа а што не. На почетокот можеби новороденчето ќе покажува страв од просторот во креветот кој е наменет за нив. Нека не ве чуди тоа. За бебето тоа е огромен простор. Најдете му помало место: корпа, количка, носилка, стара колевка…

Смирувачки движења

Додека бебето беше во стомакот можете да приметите колку беше мирно додека вие се движевте. Кога сакате да го смирите земете го нежно и смирете го со лулање и нишкање, тие движења се совршени за да заспие.

Смирувачки звуци

Додека бебето беше во стомакот се забавување но и се успиваше со чукањето на вашето срце, мрморење на стомакот и гласот. Вистина е дека сега сите тие звукови не можат да се обезбедат но затоа никогаш не го оставајте во тишина. Бебињата се навикнати на звуци во позадина. Затоа обезбедете ги. Уклучете некои играчки со звук, ТВ, радио, некој од домашните апарати кои не прават бука ( вентилатор, лап топ, клима)…

Бебешката соба

Ако бебето нема своја соба, спалната соба е сосема во ред. Тишина и мир се потребни за здрав сон на бебето. Сепак, не се оддалечувајте премногу и не чекајте да го слушнете неговото плачење. И baby interfon може одлично да послужи за вие на време да реагирате кога тоа плаче.

Дневна дремка

Ако бебето не се наспало добро во текот на денот, кога ќе дојде време за спиење може да стане нервозно и да не може да спие. Погрешно е што многу мајки се обидуваат преку ден бебињата да ги држат будни ако цела ноќ спиеле цврсто. Во таков случај спиењето само треба да се ограничи.

Доволно свеж воздух во текот на денот допринесува за добар ноќен сон.