Ефикасноста на Sinomarin monodose виалите при третирање на бронхиолитис кај новороденчиња бебиња

од  |  0 коментари

Пред се да кажеме на почетокот дека бронхиолитис не е исто со бронхитис (воспаление на белите дробови кај возрасните). Бронхиолитис претставува респираторна болест која многу често се јавува кај новороденчиња и бебиња.

Имунолошкиот систем на детето, особено кога станува збор за новородените деца, сè уште не е целосно формиран. Ова предизвикува висок ризик од развој на разни инфективни и вирусни болести.

Таквите болести, како на пример, бронхиолитис, се јавуваат кај новороденчињата и доенчињата многу често. 

Што е бронхиолитис?

Бронхиолитис е најчеста инфекција на долните респираторни патишта кај новороденчиња и бебиња, која што претставува воспаление на бронхиолите, мали во дијаметар, но многу голем во вкупната површина. Затоа голем број од белите дробови (поточно дишните патишта се во проблем).

Воспаление значи дека мукозната мембрана на бронхиолата се губи, создавајки голема количина на секреција, што дополнително ја комплицира ситуацијата и придонесува за стеснување (опструкција или спазам).

Главни виновници за бронхиолоитис се вирусите, кои ги напаѓаат респираторните клетки па затоа ги нарекуваме респираторни вируси.

Еден од најчестите вируси кои предизвикуваат бронхиолитис е RSPV Respiratory syncytial virus.

No photo description available.

Карактеристики на патологијата: 

Бронхиолитис е болест која се карактеризира со развој акутен воспалителен процес кај бронхиоли – најмалите последици на бронхиите. Бронхиолите се наоѓаат во пулмоналните лобули, во непосредна близина на алвеолите – белодробните структури одговорни за влез на кислород во крвта. Воспалението на овие места е предизвикан од вируси кои продираат во телото на детето преку горниот респираторен тракт. Предизвикувачкиот агенс е развојот на САРС, параинфлуенца болести, кои во отсуство на навремено лекување може да предизвика посериозни здравствени проблеми, како што се бронхитис и бронхиолитис кај деца.

 

Зошто бебињата се најмногу погодени од вирусот?

Бронхиолитис најчесто се јавува кај новороденчиња и бебиња поради слабиот имунитет, па вирусите се многу опасни кога ќе стигнат до респираторните органи.

Покрај слабиот имунитет, дишните патишта се помали во дијаметар отколку поголемите деца. А силата на мускулите вклучени во дишењето (респираторниот мускул) – кај бебето е доста мала.

 

Зошто повеќето бебиња и деца се болни за време на студената сезона во годината?

На овие вируси им годи студенилото, но и ненадејните временски промени. Така што тие обично се активни на крајот на есента и во текот на зимата иако се присутни и низ целата година.

 

Како изгледа бебе со бронхиолитис?

Кај повеќето бебиња, болеста започнува некако безопасна како обична кивавица – носот протекува, се слуша дека детето се мачи додека дише, но апетитот е зачуван. Тогаш износот на секрецијата во белите дробови станува се поголем, детето се бори да го надмине густиот и леплив секрет и почнува да диши се потешко и да јаде се помалку.

Ова е една од карактеристиките на оваа болест – дишењето е отежнато и е пропратено со свирење или хрчење. Кога тоа се случува, децата не можат да јадат ништо, често повраќаат слузов секрет и се многу нервозни и лошо спијат.

Температурата на телото обично не е висока, и ако се крева, обично не оди над 38,5 степени.

 

Методи на лекување (Третман на бронхиолитис)

Третманот на бронхиолитис кај новороденчиња и бебиња се врши со кислородна терапија (инхалации) со носен аспиратор (небулизер), 3 до 5 дена, еднаш до два пати дневно.

 

Кај лесните форми на бронхиолитис се препорачува инхалации со капки од морска вода, додека пак кај потешки форми на бронхиолитис се препорачува инхалации со лек (бронходилататор, кортикостероид,…) во комбинација со капки од морска вода.

Најефикасни капки од морска вода Ви се Sinomarin monodose виалите 5мл, бидејки концентрација на Sinomarin monodose виалите е 2,3% NaCl, што е многу повеќе во споредба со концентрацијата на физиолошкиот раствор која изнесува 0,9% NaCl.

Sinomarin monodose виалите имаа значителна поголема ефикасност во споредба со физиолошкиот раствор и ќе придонесат за ефикасно:

  • разводнување на акумулираниот и густ секрет
  • проширување на бронхијалното стебло
  • исфрлување и намалување на истечениот слуз и секрет
  • намалување на опструкцијата во дишните патишта
  • подобрување на респираторната функција
  • спречување на инфекции на долните респираторни патишта

 

Во небулизер се става 2,5ml од Sinomarin monodose виалите без разлика дали се употребуа сам или во комбинација со лек кој што ви го препишал Вашиот лекар.