Делува неверојатно – HydraFacial третман на лице. Провери зошто да го пробаш?!

од  |  0 коментари

HydraFacial е патентиран третман на лицето кој се користи во медицинските спа третмани и дерматолошките ординации. Некои го нарекуваат и „хидрадермабразија“затоа што вклучува ексфолијација слична на микродермоабразија во комбинација со хидратантни серуми.

Овој третман е познат по својот процес од три чекори и се применува при длабинско чистење, ексфолијација и хидрирање на кожата на лицето. Оваа професионална процедура може исто така да помогне и во лекување на разни кожни заболувања, како акни, сува кожа и брчки.

Оваа неинвазивна постапка во принцип е слична на спа третманот, но сепак резултатите се подраматично изразени. Тоа се постигнува со механичкиот апликатор кој поминува по вашата кожа и истовремено длабински ја чисти, ексфолира и испушта серуми прилагодени на вашиот тип на кожа.

Придобивки од HydraFacial третманот

HydraFacial ја подобрува целокупната текстура, тон и изглед на кожата на лицето. Ова се должи на длабоката ексфолијација која ги чисти вашите пори, отстранувајќи ги нечистотиите и овозможувајќи подобра пенетрација на серумите за лице прилагодени на вашиот тип на кожа.

HydraFacial третман за акни

Моментално нема клинички студии кои ги потенцираат придобивките на HydraFacial за акни.
Но сепак, техниките на микродермоабразија долго време се сметаат за ефикасни во третманите за акни и лузни од акни. Ова најверојатно се должи на длабоката ексфолијација која помага да се отстранат мртвите клетките што ги затнуваат порите на кожата.

HydraFacial третман за црнки

Мртвите клетки на кожата исто така придонесуваат за појава на црнки. Овој неинфламаторен вид на акни може да ги користи придобивките од методите за пилинг и екстракција што се користат во HydraFacial, но потребно е да се направат повеќе клинички студии за директно да се потврдат овие придобивки.

 

HydraFacial третман за црвенило

Навистина е тешко да се најдат козметички третмани доволно безбедни за оваа чувствителна состојба на кожата на лицето. Иако се потребни повеќе истражувања за да се докаже безбедноста и ефективноста на HydraFacial за црвенилото на лицето, студија од 2006 година откри дека папулопустуларна розацеа може да има бенефит од слични техники.

HydraFacial третман против стареење

Една мала студија на 20 жени во 2008 година, откри дека оние кои примиле третман со HydraFacial имале значително намалување на знаците на стареење на кожата во споредба со оние кои користеле само серуми. Ефектите од HydraFacial  биле: намалена величина на порите, помалку хиперпигментација и намалени линиите на брчките.

 

HydraFacial несакани ефекти и мерки на претпазливост

Иако се вели дека од HydraFacial не настануваат компликации, сепак може да почувствувате слаб притисок од апликаторот за време на третманот. За разлика од другите козметички третмани, HydraFacial не треба да предизвикува болка или црвенило.

Сепак, треба да се избегнува оваа постапка доколку имате активен осип, каков што е оној предизвикан од воспалителен процес на црвенило.

 

Дали HydraFacial е безбеден за време на бременост?

Пред да направите какви било естетски зафати додека сте бремени, вклучувајќи го и HydraFacial, најдобро е да се консултирате со лекар. Анализа од 2017 открила дека иако многу козметички третмани можат да бидат безбедни, се уште нема доволно клинички студии за да се потврди ова.

Дали може да напука кожата од HydraFacial третманот?

Во теорија, HydraFacial е дизајниран да помогне во решавањето на вишокот на себум (масните наслаги) и мртвите клетки на кожата на лицето што може да доведе до појава на напукувања на кожата.
При чистење на кожата со длабок пилинг, третманот исто така може да помогне во отстранување на нечистотиите.
Пред самиот третман, известете го вашиот козметичар дали имате исклучително чувствителна кожа или сте алергични на какви било состојки што може да предизвикаат напукување на вашата кожа по третманот. Исто така треба да се следи ситуацијата после  HydraFacial  третман.

 

Како функционира HydraFacial третманот

HydraFacial третманот го изведува или лиценциран естетичар или дерматолог. Постапката е завршена во три дела:

 

  • Вашиот козметичар или дерматолог поминува со апликаторот врз вашето лице, со чија помош длабоко ја чисти нечистотијата и масните наслаги од порите. Тие исто така користат пилинг за ексфолијација и обновување на површината на кожата.

 

  • Вашиот козметичар или дерматолог користи додаток на самиот апликатор сличен на вакуум, како би ги отсранил нечистотиите од порите.

 

  • Вашиот козметичар или дерматолог користи и додаток сличен на пенкало за да нанесе хидратантен серум со антиоксиданси.

А HydraFacial понекогаш е проследен со други третмани за нега на кожата, како што се дермални филери или светла терапија. Овие се само додатоци и не се вклучени како дел од HydraFacial третманот.

 

Грижа на лицето после HydraFacial третманот

Секој третман на HydraFacial трае помалку од еден час без паузи. За разлика од другите трауматски третмани како хемиските пилинзи, веднаш после HydraFacial можете да продолжите со вообичаените активности.

Иако не се оечкува да имате црвенило или лупење на кожата по третманот, сепак е најдобро да избегнувате третмани за пилинг во првите неколку дена по HydraFacial.

 

Колку често се користи HydraFacial третманот

Фреквенцијата на HydraFacial сесиите зависи од типот на кожата и препораките од вашиот козметичар или дерматолог. Некои препорачуваат повторување на третманот на секои 4 недели, додека други охрабруваат повторувања на третманот на секои 2 недели.

Вашиот козметичар или дерматолог може да ви помогне да го одредите точниот број на третмани врз основа на состојбата на вашата кожа на лицето.

 

Микродермобразија наспроти HydraFacial

Исто како и HydraFacial, микродермоабразијата ја ексфолира вашата кожа. Клучната разлика е во тоа што овој вид пилинг користи мали кристали чија примена е најсоодветна за фини линии, брчки, старечки дамки и лузни од акни. Микродермоабразијата исто така не користи серуми.

Дермалинфузија наспроти HydraFacial 

Дермалинфузијата има слична технологија и придобивки како и HydraFacial. И двете се 3 во 1 процедури кои чистат, ексфолираат и аплицираат серуми прилагодени на вашите проблеми со кожата. За разлика од HydraFacial, дермалинфузијата може да предизвика одредено црвенило и иритација после третманот.

Радиофрекветна терапија наспроти HydraFacial

Терапијата со радиофреквенција (РФ) работи со употреба на топлинска енергија која навлегува длабоко во поткожните ткива за да го помогне обновувањето на клетките и производство на колаген. Од овој третман произлегува затегната и мазна кожа во целост. RF исто така може да помогне во лекувањето на лузни од акни.

Додека и HydraFacial и RF терапијата ги откриваат и отстрануваат знаците на стареење на кожата, RF не вклучува пилинг или серуми. RF исто така може да предизвика црвенило по секоја сесија.