Дизајнирање на просторот од отворен план, нов тренд во уредувањето

од  |  0 коментари

Отвореното просторно уредување претставува една од најпопуларните идеи за креирање на современ дом.
Овој концепт може да го сретнете на секој чекор, при што истиот ви овозможува да создавате свој личен простор.
Доколку се двоумите околу правилниот распоред на елементите и комплетно искористување на цел простор, а тоа да биде со стил и естетика, тогаш сте на вистинското место. Нашите совети се создадени за вас и вашиот отворен простор.

Одделете го просторот со мебел и теписи

Иако целта на отворениот простор е да го соедини просторот, сепак суптилно треба да се нагласат просториите каде што припаѓаат. Наједноставен, а всушност и најпривлечен  начин на разделување на просториите е со мебелот и теписите. Благодарение на аголните гарнитури, без многу труд можете да го одделите дневниот престој со трпезаријата и кујната. 

Исто така кујнскиот остров или шанк може совршено да послужи како граница помеѓу кујната и трпезаријата. Но доколку сте љубител на суптилно одвојување на просторот, тука теписите совршено ќе ја завршаат таа работа.

Поврзете го просторот со бои и материјали

Иако самото одделување на просториите игра главна улога, сепак многу е важно тие да се слеваат и поврзат на суптилен начин. За таа цел тука служат боите. Тоа може да биде бојата на ѕидовите, ѕидните декорации, светилки и лустери, декортивни перници и тапети. Кога една боја се протега од едниот до другит крај на просторот, тој делува складно и пријатно. Другата опција е користење на ист материјал, како што е дрво, стакло, кожа и слично.

Внесете светлост во целата приказна

Изворот на светлина е потребен во секоја просторија, а посебно во оној каде се поврзуваат две, три или повеќе простории. Природната светлина како и убавите ѕидни или подни ламби и лустери се оние кои го даваат амбиентот во просторот. Погрижете се секој простор да има посебно осветлување и да ги поврзете на суптилен начин.