Како да изберете софа и какви типови има? Пронајдете го својот стил за уредување…

од  |  0 коментари

Како да изберете Софа? Избирањето на софа е голема одлука, не само заради цената на чинење туку заради стилот на истата и стилот на просторијата. Погледнете ги типовите на софи за да проверите кој стил најмногу ви одговара најмногу.

Cabriole

Најмногу одговара кога уредувате просторија во француски стил. Оваа софа обично се изработува во помала димензија во споредна со останатите, но е многу убав и пријатна. Впечатлива кај овие софи е дрвената рамка која често е заоблена и продолжува во надолна линија формирајќи ги потпирачите за раце. Вообичаено задниот дел каде грбот се потпира нема перничиња. Ногарките на оваа софа имаат изглед како нозе од куче или лав.

Chesterfield

Го отсликува 19тиот век. Најчесто се ставала во ентериер каде џентлмените имаат јавен собир, политички говор итн. Овие софи се изработуваат пониско до  подот. Со заоблени наслони високи до потпирачот за грб. Во позадина се без перничиња за потпирање за да обезбеди исправено седење и не превиткување на облеката.

Lawson

Вообичаен американски стил кој прво обезбедува удобност, комфор и мек допир штом седнете. Има цврсто поставени три перничиња за потпирање. Потпирачите за раце се пониски од грбот. Можат да бидат заоблени или правоаголни свртени на надвор. Се вели дека првобитно биле изработени за да се обезбеди комфор на познатиот Thomas Lawson на почеток од 20ти век.

Camelback

Направена во 18ти век. Исправена со јасни линии кои го отсликуваат уредувањето англиските домови. Суптилно подигната во центарот на рамката со ногарки кои малку одат во страна. Наслоните се во иста висина како и задниот дел каде грбот го потпираме. Тенка и уредна. Нема перничиња за потпирање.

Англиска софа со заоблени наслони

Овој тип на софи го прикажуваат Британскиот стил на уредување  во 1990 година. Тесна со зарамнети и ниски наслони за раце и меки задни перничиња за потпирање кои обезбедуваат голема удобност и ногарки нанадвор поставени. Често се споредува со клуб софа зошто е слична.

Tuxedo

Модерна, елегантна и гламурозна софа. Првпат креирана во 1920 година. Висока, со рамни линии и наслони во висина на грбот. Обично со еден ред шиени вдлабнатини и ногарки кои се нанадвор поставени. Нема перничиња за потпирање на грб.