Кои бои се “не, никако”, а кои “да, секако” за продуктивност во работата

од  |  0 коментари

Боите имаат големо влијание врз работната атмосфера и продуктивност, а попатно нивниот избор влијае и на  емоциите, однесувањето и работните цели. Затоа добро припазете во каква канцеларија работите.
Ако целта ви е да ја зголемите продуктивноста, корисно би било да ја познавате психологијата на боите. Погледнете ги главните енергетски карактеристики на одредени бои.

Топлите бои како портокаловата, црвена, жолта, може да предизвикаат чувство на топлина која не е реална, додека ладните бои како сината, зелената и светло виолетова предизвикуваат чувство на ниска температура. На овој начин може дури и да ги заштедите трошоците за терморегулација, но во овој текст тоа има спореден ефект.

Бела боја

Оваа боја е симбол за професионализам и работна елеганција. Но ова не е боја што ќе ве стимулира, туку ќе ве направи конфузни, а нивото на концентрација ќе биде во значителен пад, па поради тоа не се препорачува многу за работен простор.

Сина боја

Сината боја е за светот од бизнисот, потсеќа на море, небо и истовремено има моќ на опуштање и смирување. Заради тоа претставува добар избор за работни простории, посебно во оние каде треба да се даде впечаток на “работна сериозност”.

Црвена боја

Оваа боја го блокира аналитичкото размислување, ги тера луѓето да делуваат брзо и енергично, но таа енергија во еден здив ќе го редуцира аналитичкото размислување, што секако не е добро за работни одлуки.

Портокалова боја

Портокаловата боја асоцира на квалитет, а воедно ја одржува будноста и ја појачува канцеларијата, па затоа често е користена како една од омилените бои во канцелариското окружување.

Жолта боја

Боја која најретко се користи, бидејќи се верува дека предизвикува страв, анксиозност, мачнини и главоболки. Сепак, со изборот на вистинската нијанса на жолта боја вашиот простор може да се направи позитивен, сигурен и пријателски настроен.

Зелена боја

Боја која поттикнува креативност и ќе ве наведе да размислувате по бистро а воедно ќе поттикне повисоко ниво на креативност. Доволно причини да се користи во работните ентериери.