Како да ја изберете софата по ваша мерка?

од  |  0 коментари

 

За совршен изглед на домот не постојат правила кои мора да се следат. Ниту пак постојат граници или насоки кои можат да ја ограничат нашата фантазија. Стилот на домот треба да еволуира како и нашиот карактер. Константно, лично и стабилно.

Вашиот дом е местото каде што го поминувате поголемиот дел од животот – затоа е од суштинско значење да создадете практичен и  удобен простор за живеење што е соодветен за вас.

Идеална софа

Софата го дефинира просторот и го креира местото што најмногу ќе го сакате. Пред да одберете софа, најпрво треба да се одлучите каде таа ќе го има почесното место во домот.

Соодветна  димензија/величина на софа

За големината и изгледот на софата треба многу добро да се размисли пред да се направи вистинскиот избор. Затоа што ако не одговара во дневниот престој, тогаш која е функцијата на софата?

 

За таа цел ви нудиме неколку практични насоки, како за самата софа така и за максимално искористување на просторот.

Големите простории и пространите подни површини имаат моќ да си играат со разновиден мебел и оптимално да го искористат секој агол кој ќе ја зголеми удобноста на омиленото место на целото семејство. Во ваков случај,  тука,  мала софа би изгледала прилично несоодветно парче кое не знае каде и е местото.

За разлика од големиот простор,  малиот простор пак ги тенчи креативните идеи до максимум. Тука голема и пространа софа, само би се покажала погубно за мал простор. И она малку мебел што го собира во домот, треба да е функционално, комотно, а сепак да не го гуши просторот.

Софата треба да зафаќа околу две третини од целата соба или една третина доколку просторот дозволува за мала аголна гарнитура.

Пред да се купи софа потребно е да се измерат димензиите на просторот каде таа ќе биде сместена, дали ќе биде покрај врата, влез, стуб, која страна е попрометна, колку други парчиња мебел ќе го исполнуваат просторот и на која далечина од самата софа.

Стилот на софа или аголна гарнитураа

Стилот е еден од поважните детали на кои треба да се обрне внимание кога се купува софата, бидејќи стилот всушност е одраз на вашиот карактер. А тој има моќ да им го пренесе тоа на гостите пред вие да кажете збор. Имајќи го ова во предвид, од суштинско значење е да ја одржите кохезијата на целокупната атмосфера во вашата дневна соба.

Препорачуваме два начини кои ќе ви помогнат да го изберете  вистинскиот стил на софа

Најчестиот начин е кога софата го зазема централното место во вашиот дневен престој. Така, првите погледи на гостите ги краде софата.

Вториот начин е кога софата е во склоп со целокупниот амбиент во просторијата. Па така, кога гостите ќе ја видат вашата дневна соба, тие веднаш ќе го забележат комплетниот стил на просторот, наместо да бидат привлечени од само едно парче.

Затоа, она за што треба да размислите е дали сакате вашата софа да го кажува гласно и гордо вашиот стил или сакате тоа суптилно да го шепоти.

Мала софа

Стил на софа кој сам кажува „добредојдовте во домот“, доволно компактен и доволно привлечен за гости и за фамилијарни дружби.

Голема софа

Длабокиот впивачки комфорт  овозможува долготрајно решение за отворениот концепт во просторот.

Аголни гарнитури

Да, добро прочитавте. Постојат аголни гарнитури за голем но и за мал простор, кои седат тивко и повлечено во ќошот, а сепак се главен носител на целата драма во домот.

 

Бојата на софа

Бојата на вашата софа е детал кој мора да се земе во предвид, бидејќи нијансите на софата ќе се одразат на вашето расположение. Па затоа размислете, после напорниот ден кои чуства сакате да ги побуди софата кај вас?

Мекост

Цврстината односно мекоста на софата е уште еден важен фактор што треба да се земе во предвид при изборот на вистинската софа. А ова најмногу зависи од намената на софата.

Ако се користи само за гости најдобро е цврста софа. Тоа е така затоа што генерално, гостите нема да останат цело време во вашиот дом. Тврдата софа ќе им го олесне седењето да останат во исправена положба.

Од друга страна, помека софа е идеална за секојдневна семејна употреба. Кога ќе седнете на помека софа и ќе потонете, тоа веќе создава неформална и лежерна атмосфера.

Материјал на софата

Тука најмногу игра улога практичноста на софата и многу е важно да се земат во предвид сите опции и услови во домот. Па така доколку имате миленици во домот, материјалот од кожа е лоша опција, затоа што лесно ќе биде искината од канџите. Доколку имате деца, тогаш се препорачува материјал кој лесно се чисти и не остава траги или што нема да се лизгаат прекривки од него, на кои првичната улога им е да го заштитат материјалот на софата. Во секој случај средствата за чистење треба секогаш да ви бидат при рака.

 

И за крај

Софата треба да ве служи вас, а не вие неа.