Како да ја уредите детската соба на вашите деца

од  |  0 коментари

Детските соби се функционален простор во кој треба да се обезбедат услови за спиење, одмор, учење и игра.

Многу е важно да ги вклучите децата во уредување на нивната соба. Кога се работи за избирање на боја , облик, стил на намештај како и детали (во облик на налешници, омилени херои и слично), послушајте го своето дете или барем прифатете некои од нивните предлози. Не заборавајте, малечките го креираат својот простор според своите потреби.

Детските соби може да бидат уредени тематски, зависно од склоностите на вашето дете. За младите спортисти уредете ја собата во спортски стил, за љубителите на цртаните филмови со омилените ликови, кои се појавуваат во облик на принт врз намештајот или тапетите… Бидете фантазери и креативци, а во сето тоа нека ве водат вашите деца.

Изберете ги боите на ѕидот така што ќе го отсликува темпераментот на детето. Плава, зелена, кремова која ќе го смири просторот. Додека црвената, виолетовата, портокаловата и жолтата ќе ги направат поживи. Ако се работи за живи бои, користете нежни тонови, за просторот да не стане непријатен.

Издвојте дел од просторот кој малите ќе го креираат според своите моментални желби и расположение. Тоа е катче со пано, или плоча по која можат да пишуваат, цртаат, сметаат или да ги закачат своите ликовни и литературни активности. Овозможете им излагање на уметничките цртежи или креации во секој момент кога сакаат да ги покажат на своите домашни.

Уредување на детската соба е предизвик но и уживање, зошто создавате простор кој ќе биде инспиративен, имагинативен и пријатен за вашето дете.

Доколку трагате по уникатност, комфор и луксуз, тука е Jumis luxury кој ви нуди комплетно уредување на ентериер за станови, куќи, ресторани, хотели па се до канцелариски простор. Со својот разновиден избор дава можност да изберете и пронајдете нешто што ќе го исполни убаво вашиот животен простор.