Кафето во служба на убавината

од  |  0 коментари

Уште од времето на нашите баби кажуваа дека шолја кафе испиена на празен стомак го подобрува тенот.Ова тврдење не било без основа зошто најновите истражувања потврдија дека кофеинот ја зацврстува и штити кожата од претерано исушување и стареење. Кофеинот ги поттикнува ензимите да делуваат, со што настануваат маснотии кои го корегираат уништениот заштитен слој на кожата.

Козметичката индустрија успешно го примени кофеинот во хидратантните креми за сува кожа.

Кофеинот исто така се користи за околу очната регија зошто стимулира микроциркулација во слоевите на кожата,го елиминира вишокот течности и ја прави кожата поцврста. Со вечерното нанесување на вакви препарати се редуцираат отечените очни капци.

Исто така кофеинот се користи доста често и во антицелулитните креми и кремите за слабеење. Претераното зголемување на масно ткиво, хормонските проблеми и психолошките фактори предизвикуваат целулит.

Слојот кој се нарекува целулит го прават наталожените масти во местата кои се задебелуваат, прават промена на ткивото и колагенските влакна. Со своите својства кофеинот го покренува процесот за разложување на масти во здебелените предели заради што се смалуваат.

Кофеинот се додава во кремите за слабеење заедно со состојките кои дренираат и ја подобруваат микроциркулацијата, освен тоа ја зацврстуваат кожата, ги намалуваат перничињата од масти наталожени околу нозете,задникот,струкот и стомакот.

Богатството од ароми во зрното кафе ги поттикнува и креаторите на парфеми  да ги вментнат убавите мириси во машките и женските парфеми.

Во женските мириси преовладуваат топлата и нежната арома на кафе, додека кај маските изразена е горчливата арома.