Микродермобразија на лице – најдобриот третман за сезоната есен -зима!

од  |  0 коментари

Микродермобразијата е многу благ и неагресивен метод на отстранување на површинскиот слој на кожа, т.е на изумрените ќелии – стратум корнеум . Тое е еден базните процедури на подобрување на кожата. Прв пат е користен во Италија во 1985 година и од тогаш се применува скоро во сите земји ширум светот. Препорачливо е да се прави кога времето е поладно, т.е не сте изложени на силно сонце кое би ја иритирало младата кожа или новиот слој.  Кожата после третманот е  нежна па затоа пожелно е да се користи редовно крема за лице со заштитен фактор, за дополнително да се заштити и од студ, ветер, сушење  на кожата и сл.

На кој тип на кожа овој третман е најуспешен и за што се користи?

Микродермобразијата е применлива и успешна скоро кај сите типови на кожа: млада, стара, светла или темна кожа. Се користи за намалување на проширените пори, регулација на маснотии во кожата, корекција на ситни брчки, корекција на површински лузни и хиперпигментација.

Може ли микродермобразијата да се применува на различни делови на телото или само на лице?

Со менување на величината и густината на кристалите , може да се користи за регии на лице, врат, грб, лакти, бутови. Сепак се препорачува третманот да се спроведува или надгледува со обучен дерматолог.

Постојат ли различни методи на микродермобразија?

Постојат два основни начини на работа – првиот, со кристали од алуминиумски оксид и втор, со дијамантски кристари со различен пречник. Степенот на дермобразија се одредува со величина на дијамантска сонда, брзина и број на премини преку третираната површинска кожа.

Дали микродермобразијата е успешна?

Со земање на примерок и хистопатолошка анализа после 6 третмани доаѓа до промени кои не настануваат само на површинскиот слој на кожата туку во сите нивоа и структури на третираната кожа.

Промените во дебелината на кожата се најизразени на површината на кожата – епидермисот. После само 6 третмани во кои се третира една иста регија барем три пати, епидермисот од  0,01 mm достигнал на 0,06 mm. Исто така, пигментните ќелии стануваат изедначени по величина и број. Во третиот слој на кожата, крвните садови имаат поизразен сплет со што се овозможува подобра оксигенација на кожата и бројот  на колагени влакна. Колагените влакна после третманот стануваат поцврсти , густи и хоризонтално ориентирани. Повеќе од 6 третмани го зголемува и бројот на еластични влакна.

Кога не се препорачува овој третман?

Ако пациентот има розацеа, телангиектазија или проширени капилари, бактериски инфекции на кожата, херпес, брадавици…

Кои се предностите на микродермобразијата?

Најголема предност е што не постои време за опоравување од овој третман, така да после тоа пациентот може да продолжи со секојдневните активности. Исто така, микродермобразијата е потполно безболна процедура. После третманот резултатот е веднаш видлив.

Кои се можни компликации после овој третман?

После третманот можно е да се појави кратко црвенило на кожата, отоци на местата каде вакумот појако ја повлекол кожата (многу мали отоци кои поминуваат за ден до два) и хиперпигментација после третманот – само ако се применува многу агресивна микродермобразија.