Најчести прашања за таблетата „ден потоа“

од  |  0 коментари

Итна контрацепција (таблета за „ден потоа“) се користи за избегнување на бременост по незаштитен сексуален однос во периодот пред овулацијата. За вас ги издвоивме одговорите на најчестите прашања за итна контрацепција.

Што претставува таблетата „ден потоа“ и како функционира?

Ако сте имале незаштитен секс или контрацепцијата што ја користите закаснала, постојат апчиња кои можат да ја спречат несаканата бременост. Треба да знаете дека се користат само како итна помош и дека не е редовен контрацептивен метод.

Таблетата која што содржи ulipristal acetate е ефикасна во рок и до 120 часа (5 дена) по незаштитен секс. Може да ја примени речиси секоја жена која е во репродуктивна возраст, која е сексуално активна и плодна, но сака да ја спречи несаканата бременост.

Колку е ефикасен овој метод?

Таблетата„ден потоа“ ќе има поголема ефикасност ако ја пиете што е можно поскоро после односот. Ако се зема во рок од 24 часа, таа спречува бременост кај 9 од 10 жени.

Кои се придобивките од овој метод?

Немаат сериозни несакани ефекти
Може да се земи и до 5 дена (120 часа) по незаштитен сексуален однос

Кои се недостатоците на таблетата „ден потоа“?

  • Може да предизвика главоболка и болка во стомакот, гадење и дури и повраќање
  • Може да го наруши менструалниот циклус

Што друго треба да знаете за таблетата „ден по тоа“ ?

Некои лекови може да влијаат на дејството на овие итни таблети, па затоа е потребно да ги прочитате комплетните инструкции од упатството пред употреба.
Овој метод може да се користи повеќе од еднаш, но не се препорачува како редовна контрацепција.

Дали „ден потоа“ таблетата е абортус?

Не „ден потоа“ таблетата не е абортус. „Ден потоа“ таблетата спречува бременост преку одложување на овулацијата, односно дејствува пред бременоста да се случи.