Партнерска псхихотерапија – кога е потребна во една врска?

од  |  0 коментари

Што е партнерска психотерапија?

Партнерска психотерапија и брачно советување се наменети за парови кои самостојно со своите вложени напори не можат да пронајдат адекватен и конструктивен излез од конфликтот или застојот во врската. Со помош на професионална психотераписка помош, стручно водење низ дијалог и овозможување на конструктивна работа низ дисфункционалните проблеми и ситуации со кои парот се соочува. Промената на оваа состојба се овозможува преку воспоставување на дијалог, согледување на динамиката која довела до конфликтот и усвојување на принципи на конструктивна комуникација.

Никој не е совршен!

Поголем број на бракови и други типови на партнерски односи не се идеални и совршени. Двата партнери во односот внесуваат свои сопствени вредности, ставови, идеи и лична историја која често не е во склад со онаа на партнерот. Поради големиот број на разлики често се случува во врската да постои појава на одредени дисфункционалности. Разликите или навиките на партнерот кои другиот некогаш ги сакал по одредено време може да му сметаат.
Од романтичната заљубеност во која партнерите доживуваат симбиотска илузија, до првите разочарувања и изневерени очекувања, сите партнерски односи поминуваат низ исти фази на љубовта. Притоа, секој партнер во себе има несвесна надеж дека конечно го пронаол оно/онаа вистинскиот/вистинската. Услов за добар партнерски однос не е пронаоѓање на вистинската/вистинскиот во другиот. ‘’Вистинска’’ личност се станува преку постојан раст и развој. Со помош на личниот развој се станува и подобар партнер/ сопружник. Важен предуслов за успешно партнерство е најпрво запознавање со самиот себе, а со тоа потребата за љубов, нежност, вклученост во животот на партнерот, би можеле да бидат задоволени на начин кој е афирмативен и квалитетен. Дури и кога сите аспекти на врската се исполнети, паровите го редефинираат својот партнерски однос многу пати за време на партнерскиот живот. За да спостојат здрави и цврскти односи потребно е истите константно да се развиваат со цел да се прилагодуваат на новите околности во животот, новите потреби и кон желбите на партнерот. Меѓутоа, партнерите често не се свесни за тоа, дури кога доаѓа до проблеми во односите со партнерот почнуваат да бараат крвици за проблемите, најчесто за истите го обвинуваат својот партнер, не и самаите себе како дел од проблемот.
Кога е потребно да закажете средба со психолог?

Некогаш специфичните проблеми како вонбрачните афери или пак губењето на сексуална привлечност на драстичен начин за партнерите означува дека во врската се појавил некој проблем. Од друга страна пак тој проблем можеби се случувал несвесно со години , креирајќи намалена поврзаност, намалена комуникација и грижа за партнерот.
Без разлика на тоа како дошло до самиот проблем и кои се неговите причини за појава, нарушениот партнерски однос предизвикува стрес, тензија, тага, загриженост , страв, болка, разочараност и очај кај едниот или двата партнери.
Неверството, разводот, сексуалната дисфункционалност, проблемите во комуникацијата , недостатокот на доверба и взаемна почит, стресот, развојната криза, неплодност, проблеми со улогата на родител, болест на партнерот, тага, анксиозност, депресија , трауматски искуства, се дел од факторите кои имаат големо влијание врз функционалноста на партнерската врска. Паровите најчесто пројавуваат желба за психотерапија кога напнатоста во врската станува почеста од состојбата на задоволство, кога се оддалечиле како партнери еден од друг, и кога чувствуваат дека нешто им недостасува во врската. Свеста за неопходноста за стручна помош најчесто се зголемува кога болката станува доминантно чувство во врската како и при појава на страв од распадот на врската и брачната заедница.
Како функционира терапијата и која е нејзината цел?

Терапијата е начин на кој се доаѓа до заклучок причината која довела до појавата на сегашната состојба во врската. Терапевтот не е во потрага по кривецот за таквата сотојба, затоа пак истражува како и двата партнери допринеле за таа состојба. Со помош на терапијата им се помага на паровите да разберат што им се случува, им помага да откријат што секој од нив индивидуално може да направи за да допринесе во решавањето на конфликтот и во унапредувањето на врската. Со помош на терапијата и брачното советување партнерите учат како да комуницираат подобро, како да ги решаваат проблемите, да ги прифатата разликите, како при појава на конфликтни ситуации да пронајдат алатки со кои ќе успеат подобро да се разбираат и да прифаќаат конструктивно решавање на зрел и здрав начин Крајната цел на партнерската психотерапија е воспоставувањето на зрел однос на љубов помеѓу партнерите со чија помош и двата партнера добиваат подобар квалитет на својот живот.
Зрела љубов е кога oд партнерот не бараме да не успеќи и не го обвинуваме за своето незадоволство. Зрелите партнери секогаш се отворени и искрени еден спрема друг, имаат доверба да ги покажат своите емоции дури и кога се најранливи, имаат поддршка и разбирање еден за друг, и секогаш се спремни да превземат одговорност. Складноста на паровите зависи од нивното прифаќање и разбирање.

Партнерската терапија служи на местото на компатибилноста по патологија да се воспостави компатибилност на две личности по лични капацитети и потенцијали. Љубовта е константна работа на потенцијалите на саканата личност.