Се што треба да знаете за свилените трепки
Се што треба да знаете за свилените трепки
Едно од главните нешта што го прави женскиот шарм е онај „изглед под трепките“.
Бујните трепки се она што ќе го направат вашиот изглед да биди неодолив дури и кога не носите шминка. На оние кој природата не им подарила бујни трепки тие мора да го постигнат со овој метод.
Без разлика дали сакате да имате убави трепки за секојдневни прилики или специјални прилики, со свилените трепки ќе го добиете природниот изглед кој го барате.
Што се тоа свиелни трепки?
Како и останатите иновации на пазарот, така и свилените трепки настанале со цел да се добие најдобар резултат. ПРИРОДЕН ИЗГЛЕД, УДОБНОСТ, ПРАКТИЧНОСТ како и можност природните трепки да НЕ СЕ ОШТЕТАТ после надградбата.
Со овие трепки добивата густина, должина и боја.
Како се прави надградбата?
Постојат различни методи за надградба на трепки. Кај оваа метода трепките се лепат влакно по влакно така што вашите природни трепки можат слободно да растат. Самиот процес на надградба трае во просек од два часа.
Колку долго може да се носат?
Траат 3 месеци и со нив можете да го правите сето она што го правите секојдневно да се туширате, да пливате, да се сончаате без страв дека ќе ги изгубите. Единствено што треба е да бидите редовни со надградбата на неколку недели.
Дали и мене ми требаат свилени трепки?
Работата на многу девојки и жени бара секојдневен прекрасен изглед, фризура и шминка, но во денешниот начин на живот, ние не пристигнуваме да ги задоволиме сите барања, па често шминката е болка.
Исто така, девојките кои се занимаваат со спорт сакаат да изгледаат убаво и свежо на дневна основа и конечно, девојките кои обожаваат сè ново на пазарот за нивниот изглед.
Кога не можете да ги надградувате трепките?
Доколку има очни болести како што се конјунктивитис, очниот капак, одвртувањето на мрежницата, синдромот на суво око, воспаление на рожницата и оштетување на очите во овој случај, надградбата не работи.
Дали има интерес за оваа услуга?
Да, ова е моментално најбарана услуга, бидејки секоја жена би сакала без шминка да добие заводлив изглед со густи и долги трепки.
Доколку сакате природен изглед, и да заборавите на секојдневното шминкање, закажете свој термин во салонот за убавина Viola Beauty Center и бидете уште една од задоволните клиенти.