ФИЛМ ДEПИЛАЦИЈА – хигиенска, најбарана, без ленти!

од  |  0 коментари

Сакате да го успорите растот на влакната?

Или замислете, истовремено да добиете третман на кожата додека се депилирате!

Ви треба специјален восок за лице или моќен за вадење на најцврстиот корен?

Одите на патување и ви треба мал ролон за итна депилација?

Или пак можеби ви треба восок за една употреба..

Тука ќе најдете одговор како да ја добиете најефикасната и најхигиенската депилација до сега за дури и нај осетливата кожа!

ШТО Е ФИЛМ ВОСОК?
Филм восокот е најнова генерација на восок, со сите предности на топол и ладен восок: Безболен, хигиенски (една употреба) и економичен. Со ниска температура на топење, не ги шири капиларите и се нанесува во многу тенок слој.

Без ленти!

Зошто оваа депилација е подобар избор од останатите?

Погодна е за широки области како: нозе, раце, гради, грб итн… Но и за мали и тесни области како: БИКИНИ, ПАЗУВИ, ЛИЦЕ итн..

Самиот третман започнува со запазување на хигиената. Лицето кое го работи третманот става ракавици од латекс или винил.

Потоа ја подготвуваме кожата, ја чистиме и дезинфицираме со гел и други соодветни продукти. Гелот во втриваме во кожата и масираме додека целосно не се апсорбира. Пред почеток на депилацијата кожата треба да биде целосно сува. Се нанесува восокот, кој претходно е избран според типот на кожата, областа на третирање и карактеристиките на влакното. Се отстранува со прсти и со помош на шпатула со брзи движења паралелни на кожата. Мора да се напомене дека восокот има квалитетна формула, т.е направен е од најквалитетни состојки како смоли кои се внимателно избрани заради нивната моќ за вадење, боја и флексибилност.

После завршување на депилацијата се нанесува серум за забавување на растот на влакната. Се трие додека кожата убаво не го впие. И на крај се става крема за заштита од црвенила и иритации.

ПРЕПОРАКИ ПО ДЕПИЛАЦИЈА (Клиентот се препорачува да НЕ):

  • Се бања или тушира со многу топла вода во следните 24 часа.
  • да не вежба во следните 24 часа.
  • Да не се изложува на јако сонце 48 часа после депилацијата.
  • Да не нанесува пудра , крема за самопотемнување или дезодорант со алкохол , 24 часа по депилацијата.

ПРЕПОРАЧАЈТЕ МУ НА КЛИЕНТОТ ДА:

  • Прави пилинг на кожата, за да не дојде до појава на враснати влакна. Обично се случува неколку дена по депилацијата.