Хроничен умор, чести настинки: Знаци кои укажуваат на недостаток од витамин Д

од  |  0 коментари

Витаминот Д често се нарекува и „сончевиот витамин“ бидејќи човечкото тело го прима кога сме изложени на сонце.

Во летниот период, недостатокот од овој витамин е помал, но како што доаѓаат ладните денови, недостатокот од витаминот Д се зголемува.

Тој е важен за здравјето, па во ладните месеци потребно е да внесувате производи кои содржат витамин Д или додатоци во исхраната кои ќе надоместат за тоа што не сте доволно изложени на сонце.

Еве неколку знаци кои укажуваат на недостаток од витамин Д и кои не треба да ги игнорирате:

Често настинувате

Кога во телото нема доволен процент на витамин Д, организмот е поподложен на вируси и инфекции.

Ако сте забележале дека често се разболувате, имунитетот ви е опаднат и постојано ви тече носот или страдате од настинки, тоа може да значи дека ви недостасува витамин Д. Користете додатоци во исхраната и почесто јадете риба, млечни производи и јаткасти плодови.

Склони сте кон депресија

Витаминот Д игра клучна улога во одржување на нивото на „среќниот“ хормон наречен серотонин. Докторите сметаат дека негативните емоции и склоноста кон депресија се тесно поврзани со недостатокот од овој витамин, особено во есенската и зимската сезона.

Ако често сте нерасположени, пасивни и немате волја за ништо, проверете го нивото на витамин Д во организмот.

Постојано сте уморни

Витаминот Д е задолжен да ја претвора храната во енергија која му е потребна на човечкото тело. Токму затоа, недостатокот од овој витамин значи дека телото не ги прима хранливите состојки од храната, па поради тоа немате енергија, постојано сте уморни и ви се спие.

За да го вратите оптималното ниво на витамин Д, потребно е да внесувате продукти богати со овој витамин, како на пример риба, туна, ореви, бадеми, млечни производи и слично.

Имате болка во мускулите

Витаминот Д е задолжен за правилно функционирање на мускулите во телото бидејќи најголем дел од рецепторите за овој витамин се наоѓаат во мускулите.

Првиот знак дека во недостасува витаминот Д е болка во мускулите во целото тело или во одреден дел од телото. Вежбајте редовно, и во ладните месеци, и внесувајте храна богата со витамин Д.

Превземено од: crnobelo.mk