5 причини зошто е добро да пиете кафе

од  |  0 коментари

Кофеинот во големи мери кај лицата со висок крвен притисок може да има лошо влијание но умерени количини на кафе не би можеле да ви наштетат- баш напротив вашето тело има голем бенфит од пиење на кафе.
Еве зошто е добро да се консумираат 1-2 мали шолји кафе дневно.

 

 

1. Кафето е моќен извор на здрави антиоксиданси

Дали знаевте дека кафето има повеќе антиоксиданси од зелениот чај и какаото – две намирници кои се богати извори на антиоксиданси. Научниците откриле дека има 1,000 различни антиоксиданси во непроцусуираното зрно кафе и стотици други кои се развиваат за време на процесот на печење.

2.Кофеинот на краток рок делува поволно за меморијата и памтењето

Ова би ги заинтригирало студентите кои учат најчесто доцна навечер и се обидуват да запаметат повеќе содржини и информации одеднаш за време на испитните сесии. Кафето се докажало дека на краток рок делува поволно во подобрување на концетрацијата и помнењето – иако неговите ефекти и колку долго ќе трае помнењето по испиена чаша кафе не се сосема дефинирани и се индивидуални.

3. Кафето може да го подобри вашиот перформанс

Кофеинот го зголемува перформансот , се бори против летаргијата, но и помага при зајакнување на контракцијата на мускулите, ги зголемува масните киселини во крвта со што генерално помага во зголемување на издржливоста.

4. Кафето го подобрува располжението

Кфето го подобрува расположението, доколку ве расположи оваа мисла тогаш напијте се едно кафе со вашите пријатели денес – баш за инспирација 🙂

5. Со кафе до рамен стомак

Кафето делува како диуретик – ја исфрла вишокот на вода од организмот, помага при чистење на токсините од џигерот, а кофеинот помага при намалување на мастите околу стомакот.