Зошто да користите Pigment plus во летните денови?

од  |  0 коментари

Летото е период кога треба најмногу да се грижите за заштита на вашата кожа од сончевите зраци. Сепак тоа не значи да останете цело лето под сенка.

Се додека ги почитувате основните правила за сончање и користите соодветна крема или масло, можете безбедно да се забавувате на плажа.

Што содржи Pigment Plus?

Pigment Plus содржи природни растителни масла кои ја стимулираат примарната и секундарната пигментација. Pigment Plus стимулира брз и долготраен темен тен. Се нанесува пред и за време на сончањето.

Pigment Plus е изработен од природни состојки и е производ на научната фотомедицина и народното искуство. Во својот состав има чист пчелин восок кој содржи провитамини А, Д, Е и природни екстракти кои стимулираат базна и индуцирана пигментација на кожата.

Правилно создадената и добро изразена пигментација е најдобрата заштита од прекумерно изложување на зрачење.

Pigment Plus ја масти и влажни кожата. Стекнатата пигментација е долготрајна. Не дозволува сончево оштетување и лупење на кожата. Оптималното сончање е вистински благодет за општата состојба на организмот.

Начин на употреба на Pigment Plus

За добивање природен пигмент Pigment Plus се нанесува обилно на кожата во тек на сончањето. При опекотини од прв степен: добро изматете еден дел од Pigment Plus со два дела вода и добиениот крем нанесете го на оштетената кожа.