4-ка како за 2-ка: Пастрамајлија во Велес

од  |  0 коментари

Велес се наоѓа во средишниот дел на Македонија, поточно на бреговите на реката Вардар. Велес е шести град по број на жители во Македонија и како град е карактеритичен по својата типична велешка и староградска архитектура. Велес е еден од индустриските центри на Македонија и значаен трговски, транспортен и економски центар.

Го посетивме Велес на кратко, но имавме доволно време за ручек па сакавме да ручаме набрзина. Несакавме да шетаме многу, па седнавме во првото ресторанче кое воедно беше кафуле и сендвичара (Pizza Restaurant & Grill Четворка). Локациски небеше којзнае што, но поради недостаток на паркинг, ова беше најдостапното место во тој момент, иако далеку од градот.

Првпат гледам ресторант кој е поделен со ѕидови во мали соби, изгледаше чисто и пристојно со релативно нов мебел. Меѓутоа уште од почеток работите не беа како што изгледаа. Најпрвин иако бевме единствени гости внатре во ресторантот на келнерот му требаше малку време да дојде и да не понуди. Прв избор ни беше пита, но ни кажа дека нема па порачавме пастрамајлии со кока кола. Кока колата веднаш ја донесоа и за чудо беше лименка со означена цена од 25 денари, што според мене не би требало да се појави такво нешто во ресторант.

Цените во менито беа реалитвно ниски и доста достапни. Најголем дел од понудениот избор имаа цени и до 40% пониски од некои стандардни места. Голема пастрамајлија чинеше 120 денари. Јас порачав пастрамајлија со свинско место, овча пастрама и јајце. Чекавме многу време, речиси 40 минути додека да дојде јадењето.

Е сега кога ја донесоа пастрамајлијата увидов зошто е толку ниска цената. Квалитетот на тестото беше добар, но месото беше навистина лошо. Имаше премалку месо со оглед на големината на пастрамајлијата. Свинското месо беше тегаво и со несоодветен квалитет за пастрамајлија. Пастрамата беше уште полоша, имаше повеќе масни парчиња кои мирисаа на лој отколку чиста пастрма. Најсветлата точка беше јајцето кое беше зготвено одлично.

Услугата беше многу лоша, времето на чекање ужасно, а крајот на делото го заврши невраќањето на точниот кусур од страна на келнерот кој задржа 500 денари повеќе од сметката, се додека не му назначивме. Му беше пренесено и за квалитетот на јадењето.

Си заминавме од Велес крајно разочарани, нареден пат сигурно би барале препорака од некој локалец за подобро јадење и ресторан. Сеуште имам реакции во желудникот што го потврдува сето она досега напишано

2013-11-13 12.01.34