Модерниот цветен дезен се пренесува и во есен
од 0 коментари
|
Популарниот цветен дезен од пролетната и летната сезона се пренесува и во есен.
Кога во 2010 година Кристофер Кане ја претстави својата колекција за есен и зима знаевме дека не се шегува. Совршените цветови во комбинација со кожа не натераа малку да размислиме зошто во зима избираме темни бои, а светлите и шарените ги оставаме за топлите денови.
Денес цветовите во сите форми и облици, повторно се околу нас. Додуша имаат еден благ и затворен тон што подсеќа на есен, но сепак се многу интересни.
Џемперите со цветови ќе бидат модерни и оваа година.Што значи, обезбедете си барем едно вакво парче. Со обичен тексас или кратка мини сукничка ќе бидат впечатливи.
Затоа, изберете го омилениот цвет!