Сако, секогаш и за секоја прилика !

од  |  0 коментари

Предноста на сакото е во тоа што лесно се вклопува и со елегантен и со деловен и со лежерен стил. Многу добро одговара во секоја комбинација, дава печат на секој стил, никогаш не излегува од мода, практичен е и на секој стајлинг му дава доза на елеганција.

Без разлика дали сте со витка линија или имате вишок на килограми, сакото е права работа за секого. Класичното фармерско  сако се враќа на модната сцена, кожата како материјал за сако никогаш нема излезено од мода, а може да се носи со секоја врста на ткаенина. Моделите барајте ги во потемни нијанси, бидејќи така полесно ќе ги вклопите.

Еве ги предлозите како сакото да го комбинирате со другите парчиња облека:

Издолжете ја фигурата – Кратко струкирано сако комбинирајте со туника и со тесни пантолони. Можете да  изберете модел со ракав на три четврти. Целиот изглед дополнете го со чевли на потпетица.

Адут за широки бокови – кожен сако совршено одговара на жените градени како песочен часовник, бидејќи ги сокрива пренагласени облини. Носете го со подолга блуза или со драпирана туника и со панталони кои не се премногу широки.

Малите гради направете ги визуелно поголеми – Фамерско сако никогаш не излегува од мода. Моделите со џебови во горниот дел визуелно ќе ви ги збогатат градите. Облечете фустан и земете чанта која Ви одговара.

Креирајте ги облините – сако во дезен во комбинација со интересен фустан на фалти ќе внесе доза на женственост во Вашиот изглед, а визуелно ќе изгледате како да имате облини. Кога е студено сакото можете да го носите под мантилот а кога е топло како винтијага.

Вистинскиот изрез за големи гради – сако со длабок V израз со една петлица совршено ќе им прилега на личности со големи гради. Комбинирајте го со едноставен свилен фустан за вечерните излегувања.