Ciciban – најдобриот пријател на децата :)

од  |  0 коментари

Пораснавме и следните генерации продолжуваат да растат со Ciciban –  словенски бренд кој и ден денес е најголемиот  синоним за квалитет за чевлички во регионот па и во Европа.
Во фабриката дневно се произведуваат повеќе од 2,500 чевлички.

Секој родител сака неговото дете да го открие и освои светот колку што може побезбедно и попријатно. Поголемиот број на деца на возраст од 9-18 месеци ги прават своите први чекорчиња. Во овој период детските стапала имаат потреба од голема грижа и внимание, па затоа многу е важно какви чевли ставаме на нивните мали и нежни стапала.


Во Ciciban дури имаат и посебен оддел каде се развиваат производите во посебна соработка со локалните градинки и училишта во Словенија каде се тестираат моделите.

CICIBAN чевлите имаат анатомска форма и специфичен дизајн кој обезбедува слобода на ноџињата, заштита, комфор и стабилнoст. Многу е битно родителите често да проверуваат колку чевличките одговарaaт на ноџето на детето затоа што децата имаат брзорастечки стапала, па доколку чевличките не одговараат да ги заменат со поголеми.
Само за неколку месеци кај децата а особено кај бебињата се менува големината на стапалото.
Секое детенце има различно стапало затоа не е препорачливо да се носат чевлички кои веќе биле носени.

Овогодинешната колекција на Ciciban достапна во продавниците на Peko  ја сочинуваат бројни модели на мокасини, сандали, чевлички, патичиња кои веруваме дека секој родител би ги посакал за своето детенце.
Овогодинешната колекција на обувки погледнете ја во продавниците на Peko или на следниот ЛИНК.