Маски од кокосово масло за поквалитетна и подолга коса

од  |  0 коментари

Кокосовото масло добива голема популарност во последните неколку години во полето на убавината.
Со неговата поширока достапност до потрошувачите и пристапните цени, веќе може да биде дел од сечија рутина за убавина- а бенефитите од користењето на оваа тајна состојка за убавина се одлични.
Кокосовото масло може да помогне за одржување на квалитетот на косата но и на скалпот.

Еве неколку корисни совети како да го користите кокосовото масло во вашата рутина за убавина.

1. Маска против првут
4 лажици кокосово масло на собна температура измешајте со 1 лажица сок од исцеден лимон.
Оставете го на косата да делува 15 мунути. Убаво втријте ја маската на скалпот и измијте ја со регуларен шампон за коса 2 пати.

2. Маска за сува и оштетена коса
1/4 шолја јогурт, 1 зрело авокадо и 1 лажица кокосово масло се блендираат или мешаат рачно се додека не се добие конзистентна состојба. Се нанесува маската по целата должина на косата и се остава да стои на косата околу 20 минути. Косата се мие со топла вода.

3. Маска за брз раст на косата
1 лажица алое вера и 1 лажица кокосово масло се нанесуваат на скалпот и по должината на косата.
Маската се остава да стои околу 30 минути и се мие со топла вода.