Домашни бјути рецепти инспирирани од есента
Есента е навистина неверојатна сезона – освен сите бои кои не опкружуваат, апсолутно го сакаме и мирисот што доаѓа заедно со оваа сезона. Тоа може да биде цимет,тиква, мед, јаболко – или дури и сите овие заедно! Ние сме навикнати да ги користиме истите за готвење, но сите тие имаат и свои задравствени придобивки благодарение на што можат да се користат и во козметички производи.
Ако сте тип на човек што сака да користи органска и домашна козметика, подолу ќе најдете неколку рецепти за производи кои ќе ви помогнат да се грижите за вашето тело, а во исто време да ви ги обезбедат и најдобрите есенски мириси. Ние ги избравме најдобрите за вас!
Кога станува збор за кожата на лицето изборот на мед и цимет се две од најдобрите состојки што можете да ги изберете. Покрај многуте здравствени придобивки тие се одлични производи против акни, кои исто така ја смируваат кожата и му даваат природен сјај. За да ја направите оваа маска потребни ви се 2 супени лажици мед и 1 кафена лажица мелен цимет, но по желба може да додадете и неколку капки кокосово масло и 20 капки есенцијално масло од лимон.
Ние сме навикнати да го купиме балсамот за усни од продавница, но да го направиме во нашиот сопствен дом воопшто не е тешко – всушност е многу лесно. Се што ви треба е 1 супена лажица пчелин восок или 2 лажици вазелин како основни состојки, но за да го внесите тој есенски дух ќе ви треба и 1 кафена лажица цимет и по желба можете да додадете половина лажиче мед. Овој балсам за усни не само што ќе ги направи вашите усни меки, но ќе им даде и неверојатен мирис.
Лосион за тело од јаболко и тиква
Лосиони толку убави што ќе ја направат нашата кожа толку мека и светла – не е тоа нешто што сите ние го сакаме? Сега можете лесно да направите свој домашен лосион со само неколку природни состојки. Се што ви е потребно е, половина чаша шеа или авокадо путер, 2-4 лажици органско кокосово масло, 1 лажица зачин од тиква и половина лажица есенцијално масло од јаболко.
Па, Ви се допаднаа ли?