Решете го проблемот со испукани пети веднаш!
Летото полека но сигурно изминува, а босите нозе незаштитени во чорапи во летниот период имаат тенденција побрзо да пукаат и оштетуваат.
Не трошете пари на скапи третмани во салони за убавина – лекот за испукани пети го имате во вашиот дом
Купка за испукани пети:
• Јаболкова киселина – 1/2 чаша (делува анти-бактериски)
• Течност за миење на уста – 1/4 чаша
• Топла вода – 1/2 чаша
• Измешајте ги во подлабок сад
• потопете ги стапалата околу 30 минути во растворот
• избришете ги со памучна мека крпа
Испуканите пети имаат потреба од хидратација. Откако темелно ќе ги измиете, намачкајте ги со вазелин или павловичева маст завиткајте ги во најлонски кеси и ставете ги стапалата во чорапи преку ноќ.
Наредниот ден ќе имате совршено меки и мазни стапала.
*Доколку оштетувањето на вашите пети е поголемо, постапката повторете ја неколку пати.