Лептокариа или Лефкада? Кое место е идеално за вас?
Лептокарија е живописно летовалиште, сместено во подножјето на Олимп, на самиот брег на Егејско море. Позната е по долгата песочна плажа и кристално чистата вода (најбистра во подрачјето на Пиреа). Климата е умерена со пријатен ветар во вечерните часови. Одалечена само 80 км од Солун. Големиот број на таверни, кафулиња, продавници ќе допринесат да имате пријатни денови во Лептокарија.
Плажи во Лептокариа
Олимписката ривиера се простира од Паралиа на север до Платамонас на јужниот дел ги опфаќа летувалиштата Паралиа, Олимпик бич, Литохоро, Лептокариа, Платамон, Неи Пори. Најпопуларни се во оваа област во близината на Лептокариа се Leptokaria beach.
Оваа плажа е широка и пространа плажа со барови и кафичи , секогаш можете да најдете слободна лежалка или пак чадор а локалните мештани се секогаш љубезни и опуштени. На плажата на секои 50 метри има тушеви и кабини за преслекување.
Mylos beach се наоѓа на 2 км северно од Лептокариа . Плажа со ситни камчиња. На плажата лоцирани се неколку кафичи , ресторан со базен, кабини и тушеви како и терен за одбојка на плажа. Паркингот е доста простран но единстцвениот проблем е што е експониран на сонце.
Pralia Skotinas е плажа оддалечена 5 км од Лептокариа на патото спрема НеиПори. Се одликува со својот ситен песок.
Атракции во Лептокариа
Дворец Платомонас – oвој дворец го изградиле Византијците во 13тиот век за подоцна да го преуредат Французите. Тврдината е лоцирана на југоситочната страна на Олимп. Највисоката кула која има дупли зидини, прва е изградена и за време на крстоносните битки била седиште на папата Бонифациј за подоцна да биде доградена како воена тврдина затоа што нуди поглед на целата област Пиериа.
Олимп е највисоката планина во Грција , на неа се наоѓа највисокиот врв на Балканот. На грчки Олимп значи сватла планина. Таа во Грчката митологија била дом на дванаесет богови: Зевс, Хера, Посејдон, Арес, Хермес, Хефест, Афродита, Атина, Аполон и Артемида.
Лефкада е остров на Јонскиот Архипелаг, кој се наоѓа јужно од Крф и североисточно од Кефалонија, а со континенталниот дел на Грција е поврзана со подвижен мост. Лефкада со причина ја нарекуваат островот на бојата: белата боја на карпите, школките и песокта по кои го добила и името; сината боја на морето која може да се спореди со морињата во некои далечни егзотични дестинации; зеленилото на боровите,чемпресите,шаренилото на цвеќињата,маслиновите дрвја..
Големиот број на таверни, барови, ресторани ќе го направат Вашиот одмор уште попријатен. Најпознатите и најубави плажи на островот Порто Кацики, Егремни, Милос, Катисма…со својата убавина никој нема да го остави рамнодушен.
Нидри е најголем и најпознат туристички град кој се наоѓа на југоисточниот дел на островот. Сместен е во залив опкружен со малите островчиња Мадури, Меганиси, Скорпио кои се сопственост на Оназис. Ова летовалиште изобилува со продавници, таверни, ресторани, кафулиња и има долга градска плажа. Покрај пристаништето во кое се закотвени бродовите кои крстарат околу островот и превезуваат капачи до другите островчиња, тука се наоѓа и марината за јахти која претставува совршено уточиште на многубројните наутичари и едрилилици.
Агиос Јоанис (Agios Ioannis)
Оваа плажа се наоѓа најблиску до главниот град на островот, само три километри на запад, а сепак е една од најубавите. Пејзажот со златно-бели песоци на моменти потсетува на карипските плажи. Во позадина на плажата се гледаат остатоци од старите ветерници, што го прави искуството уште толку помагично. Со оглед на тоа што се работи за малку поветровита плажа, таа е втората најпопуларна помеѓу сурферите.
Каламици (Kalamitsi)
За оние што сакаат помали и не толку посетени плажи, Каламици е вистинскиот избор. Се наоѓа на 15 километри југо-западно од главниот град, Лефкада, на источната страна од островот. Плажата се одликува со многу мек песок и кристално бистра вода, што ја прави совршена за релаксација. Недалеку од плажата има високи, но достапни карпи, кои поавантуристички расположените туристи знаат да ги искористат како скокалници.
Катизма (Kathisma)
Eдна од најубавите плажи на островот и се наоѓа на 14 километри источно од главниот град Лефкада, недалеку од селото Агиос Никитас. Долгата плажа со бели песоци и море со кристално тиркизна боја е опкружена со импресивни карпи во позадина што го комплетираат пејзажот за вистинско уживање. Ќе уживате на песок или пак на некоја од бројните лежалки со чадор кои можете да ги изнајмите. На плажата има понуда на водени спортови, како и повеќе барови и ресторани за освежување.
Агиофили (Agiofili)
Се наоѓа во близина на местото Василики, оддалечена 38 км од главниот град на јужниот дел на островот. Мала песочна плажа која нуди вистинско релаксирање, а водата е кристално чиста.
Eгремни (Egremni)
На 30 км јужно од главниот град се наоѓа оваа убавица. Долга песочна плажа опкружена со импресивни пусти гребени. До неа се стигнува по 350 скалила надолу и навистина делува вртоглаво кога ќе се застане горе.
Оваа плажа се наоѓа на 40 километри југо-западно од главниот град Лефкада. Не само што е најпозната на островот, туку од туристите е оценета како една од најдобрите плажи во целиот Медитеран. Од тие причини, Порто Кацики е речиси секогаш преполна, особено во шпицот на сезоната. До неа се стигнува со симнување по 80 скалила од карпата над прекрасната песочна површина. Ако доаѓате со автомобил, на ридот над плажата ќе најдете паркинг и снек-бар. До плажата можете да стигнете и со такси на вода, од Василики или Нидри.
Која дестинација ќе ја изберете?
Доколку сеуште се двоумите каде на одмор ова лето погледнете ги понудите на Ариес на следниот ЛИНК!