Pigment Plus – вашиот сојузник при сончево време

од  |  0 коментари

Летната сезона e во ек. Па сите оние кои за прв пат се сретнуваат со Пигмент Плус и имаат желба да дознаат информација повеќе:

* Пигмент Плус е козметички производ кој во себе содржи природни состојки кои ја стимулираат примарната и секундарната пигментација.
* Не содржи заштитен фактор кој ги одбива сончевите зраци, Пигмент Плус соработува со сонцето.

* Крајната цел од употребата на овој производ е правилно исончана кожа, богата со меланин.
* Правилно исончаната кожа не се лупи, не се иритира и станува мека и еластична. Пигмент Плус придонесува Вашата кожа да добие брз, долготраен и темен тен.

* За постигнување максимален ефект, целиме корисниците доследно да го почитуваат упатството на задната страна од пакувањето. Особено важни се првите три дена од сончањето, да се практикува препорачаниот тајминг колку време ќе бидат изложени на сонце. Најчесто тука не се зема во обзир рефлексијата на светлината која ја создаваат водата, песокот, лисјата од дрвата и сл. Кога се стои под сенка може да се стави тенка летна облека.

* После 3-тиот ден препуштете се на сонцето и убавините кои ги носи летото, без страв дека ќе предизвикате оштетување на Вашата кожа.
* Да не го користат алергични на пчелини производи.

No automatic alt text available.

Пигмент Плус е изработен од природни состојки и е производ на научната фотомедицина и народното искуство. Во својот состав има чист пчелин восок кој содржи провитамини А, Д, Е и природни екстракти кои стимулираат базна и индуцирана пигментација на кожата. Се нанесува неколку пати во текот на сончањето.
Правилно создадената и добро изразена пигментација е најдобрата заштита од прекумерно изложување на зрачење. Пигмент Плус ја масти и влажни кожата. Стекнатата пигментација е долготрајна. Не дозволува сончево оштетување и лупење на кожата. Оптималното сончање е вистински благодет за општата состојба на организмот.

No automatic alt text available.

Индикации: Добивање пигментација, сува кожа, опекотини од прв степен.

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА:

Употреба: За добивање природен пигмент, Пигмент Плус се нанесува обилно на кожата во тек на сончањето. При опекотини од прв степен: добро изматете еден дел Пигмент Плус со два дела вода и добиениот крем нанесете го на оштетената кожа