REFAN ЗЛАТНА КОЛЕКЦИЈА – секоја дама би сакала да ја има

од  |  0 коментари

Сите ние во секојдневниот живот користиме различен тип производи во голем број. Но тие се парфимирани во различни мирисни ноти. Со слоевито нанесување на секој од нив на телото, мирисот на парфемот што го користиме се менува и го менува задоволството од негово користење.

Новата линија на REFAN – GOLD COLLECTION беше развиена после многу анализи направени на потрошувачите и нивните навики, што резултираше дека користат различни козметички производи но сепак преферираат да бидат со унифициран или сличен мирис. Ова дозволува мирисот на вашиот омилен парфем да биде побогат, интензивен и потраен.

Со цел да се постигне овој ефект, без да се нанесе штета на кожата, REFAN селектираше специјално за своите продукти, мириси кои се потолерантни за кожата. Тие се различни од традиционалните кои се користат за други парфимирани продукти. Пример дизајнирани производи за тело или различни делови од телото. Овие мириси спаѓаат во повисок ранг на парфеми кои не можат да се споредуваат со други.

REFAN GOLD COLLECTION содржи т.н “eau de perfume“ во своите парфеми во исти мирисни ноти дури и во козметичките производи за нега на тело. Такви се парфемите, лосионите за тело, шампоните и геловите за туширање. Значи, вие имате можност да уживате во омилената мирисна нота преку сите производи кои го ароматизираат телото, за на крај да финиширате со парфем во идентичена мирисна нота – за комплетен ритуал на вашите сетила.

Производите на REFAN GOLD COLLECTION влијаат неодоливо со своите трајни и интензивни мириси. Исто така, пакувањето е изработено од луксузна златна опаковка, што му дава многу стилски и софистициран дизајн на парфемот и го прави соодветен за подарок.

Колекцијата парфем REFAN GOLD COLLECTION е достапна во женски и два машки мириси, а наскоро ќе биде збогатена и со уште пет женски и пет машки парфеми во комбинација со козметика.