Психологија на подарувањето… Што кажуваме кога подаруваме козметика? Кога да подариме козметика? Што подаруваме кога подаруваме козметика?

од  |  0 коментари

Ајде да направиме една мини вежба.

Погледнете околу себе, или замислете, некој подарок што сте го добиле. Нешто што некој некогаш ви го подарил. Може да биде една ситничка, пенкало, привезок, …било што.

На што прво ви текнува?

На многумина прво им текнува на личноста која и го подарила тоа нешто. Паралелно со тоа е појавување на емоција, позитивна, но не е исклучена и негативна, може да се појави сеќавање, како ви го дале, каде ви го дале, по кој повод…

Емоцијата која се појавува со сеќавањето на подарокот зависи првенствено од личноста која ви го подарила, но и од тоа каква е вредноста на подарокот за вас. Колку ве погодиле со подарокот, колку подарокот ги задоволува вашите аспирации и преференции, колку ви користи и колку сте го посакувале.

Правилата, како што се – паричната вредност не е битна, да не подарувате пари, да се обидете внимателно да го слушате тој на кого сакате да подарите, секако дека ви се познати или ги претпоставувате.

Кога ние подаруваме пред се тоа има значење за нас. Личноста на која и подаруваме има значење во нашиот живот, поводот е доволно битен, имаме желба да покажеме дека сакаме да ја одржиме заедничката врска, и во моментов важна ни е таа врска и сакаме да трае. Со подарувањето најчесто предизвикуваме неочекувана радост , кај спротивната страна, а неочекуваното предизвикува силна возбуда што е уште една причина за паметење.

Има едноставни начини како да „спакуваме супер подарок“.  Со подарокот ние всушност подаруваме искуство. По дефиниција се памети она искуство кое е пропратено со силни емоции. На пример, еден ученик за да го запамети ученото градиво најдобро е тоа да биде пратено со позитивни емоции и позитивна атмосфера. Па така на примателот на подарокот најдобро е да му се даде задоволство додека го користи подарокот.

На пример, со подарувањето на крем за лице, и козметика воопшто, значи дека вие подарувате внимание, дека вие сакате и можете да кажете дека добро ја познавате личноста, дека слушате внимателно додека таа зборува за себе и за сопствените навики. Со добро избраната козметика или парфем,  ние всушност, подаруваме секој пат ново искуство сѐ до истрошувањето на производот. А со секое користење ние ја потврдуваме важноста на пријателството и врската која постои. Доколку подарокот создаде и позитивно искуство ќе имаме и секундарен ефект, а тоа е  праќање на позитивна енергија кон давателот на подарокот секој пат кога го конзумираме подарокот.

Со изборот на подарокот сте направиле голем дел од работата но не сте ја завршиле. На вака избраниот подарок можеме да му додадеме вредност доколку до крај се однесуваме на начин со кој сакаме да покажеме колку ни значи личноста на која и подаруваме. Завиткувањето на подарокот е следниот чекор. Се доловува церемонијата на отварање на подарокот, момент во кој неизвесноста кај двајцата учесници е најголема. Најдобро би било и овој дел да се поврзе со карактерот на примачот на подарокот, на пример, внимаваме со каква хартија ќе го завиткаме.

Додадена вредност се постигнува и со правење на картичка која ќе биде со специјална посвета за примателот. Би сугерирале дека поинтересно е пораката да биде презентирана пред подарувањето на подарокот.

И секако, за да биде соодветно доживеан подарокот треба да планираме доволно време, да не брзаме и да бидеме сигурни дека и тој што прима подарок има доволно време. Целта би била да се комплетира сликата за важноста на врската во која вложуваат двајцата учесници.

Доколку се одлучите да подарите изберете од нашите пријатели Refan