Целодневно дружење со ексклузивните автомобили Volvo

од  |  0 коментари

16.09.2016, Скопје – Македонија, во вторник, ќе „живее“ со балканскиот караван автомобили на шведската компанија Volvo Cars.

По овој повод, македонскиот дистрибутер на Volvo, Ми-Да Моторс Скопје организира хепенинг на кој граѓаните и фановите може да возат тест возила на најновата гама екслузивни Volvo возила.

Настанот ќе се одржи на 20.09.2016 (вторник) на платото пред трговскиот центар Скопје Сити Мол од 13 до 19 часот. Караванот го сочинуваат осум возила од палетата на Volvo и се организира со цел, на една место и во неформална атмосфера, да се претстават различните видови возила на шведската компанија Volvo Cars.

„Разновидноста е претставена со седан, караван и SUV изведби од опсегот на модели од линиите 40, 60 и 90. Дополнително, различните агрегати, како хибридниот погон и најновите генерации на бензински и дизел мотори, ја надополнуваат уникатноста на оваа флота на Volvo возила. Разноликост која, со гордост, ја презентираме пред нашите фанови и сите заинтересирани граѓани“, велат од Ми-Да Моторс Скопје.

Според нив, ова е можност сите да се запознаат со компанијата чии автомобили го носат епитетот „најбезбедни“, компанија првенец во безбедносните технологии и перформансите, како и да го почуствуваат луксузот и префинетоста на Volvo моделите.

„За нас како компанија, луѓето се во прв план, но се фокусираме и кон заштита на животната средина и околината. Нашиот бренд ги возвишува вредностите, кои се незаменливи за нордиските земји, како што се светлината и природата“, дополнуваат од Ми-Да Моторс Скопје.

Volvo караванот во Скопје е дел од балканската турнеја, која веќе беше во Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, а патот го продолжува кон Албанија и други држави.

За подетални информации за караванот и за моделите за пробно возење, следете ги Volvo Cars Macedonia на социјалните медиуми.

Следете нè на:

facebook

 

 

youtube

 

 

Контакт:

Ми-Да Моторс ДОО

Телефон: 2 3064 056

E-mail: contact@volvocars.mk

 

За Волво Груп 

Волво Груп е основано во 1927. Денес, Волво Груп е еден од најпознатите и најценети светски автомобилски брендови со продажба од 503,127 автомобили во 100 земји за 2015 година.  Од 2010 година, Волво е сопственост на Zhejiang Geely Holding (Geely Holding), Кина. Се до 1999 година, Волво Груп беше дел од Волво Груп-Шведска, кога компанијата беше купена од страна на  Ford Motor Company-САД. Во 2010 година, Волво Груп беше превземена од страна на Geely Holding.

Заклучно со Декември 2015 година, Volvo Cars има речиси 29.000 вработени низ целиот свет. Дирекцијата на Волво Груп, развој на производството, маркетинг и администрацијата се главно лоцирани во Шведска. Дирекцијата на Волво Груп за Кина е лоцирана во Шангај. Главното производство на автомобили на компанијата се наоѓа во Gothenburg (Sweden), Ghent (Belgium), Chengdu и  Daqing (China), додека машинеријата е лоцирана во Skövde (Sweden) и Zhangjiakou (China) и  придружните компоненти во Olofström (Sweden).