Како да се соочиме со разликите во емотивната врска?

од  |  0 коментари
Луѓето се разликуваат и тоа нам одамна ни е доста познато. Сепак понекогаш нам ни е тешко да прифатиме дека и во емотивниот однос тоа е така. Обично имаме претстава дека доколку сме многу блиски со некоја личност, таа треба да биде слична на нас и дека околу секое прашање мора да постои сложност. За емотивната врска потребно е согласност во поголем број нешта (вредности, интереси, цели) со цел таа да опстане и да се продлабочува но разликите секогаш ќе постојат и мораме да научиме како да се носиме со нив и да ги почитуваме колку што тоа е можно.

Овој текст е еден вид на тераписка вежба која ви препорачуваме да ја направите со партнерот. Можете да ја изведете во рамките на сопствениот дом, но само доколку и партнерот сака да ја прифати истата. Оваа тераписка вежба се состои од 3 дела: разлики, поставување во положба на другиот и одговарање на чувствата. Вежбата трае од 15-20 минути.

1.Разлики

Седнете лице во лице со партнерот и одржувајте контакт со очите. Кажете си еден на друг за сите начини на кои се разликувате еден од друг и каде не се согласувате, и како се чувствувате во поглед на тие разлики. Немојте да се правдате или да се расправате, само останете на разликите кои постојат помеѓу вас и бидете детални во врската околу тоа што го чувствувате во поглед на разликите. Правете то тоа во наредните 5 минути.

2.Поставете се во положбата на другиот

Многу разлики се воспоставуваат врз основа на нереални разлики помеѓу луѓето, односно на замислени разлики кои се резултат на недоволно разбирање. Со оглед на тоа, следниот чекор во експериментот се однесува на тоа  јасно да се разбере положбата на партнерот и неговите чувства кои се врзани за некој став со кој вие не се согласувате. Кога кажувате дека
нештото сте го рабрале, партнерот потребно е да се согласи потполно со вашата констатација. Доколку не сте го разбрале правилно во првиот обид, пробајте повторно така што внимателно ќе го ислушате партнерот за тоа што ви го говори.
Тогаш изразете разбирање за она што тој го рекол со сопствени зборови се додека не се согласи околу тоа. Ова е задача за двата партнера. И за оваа вежба потребни ви се 5 минути.

3.Одговарање на чувства

Сега фокусирајте се на чувствата кои сте ги доживеале кога сте се ставиле себе си во положбата на партнерот. Треба да знаете дека без оглед на тоа што не се согласувате со ставот на партнерот тие чувства кои сте ги доживеале вистински го отсликуваат она што тој го доживува. Тоа се факти кои доколку можете да ги прифатите тогаш можете да добиете вистински поголемо разбирање еден за друг. Истражете дали можете да дадете извесна поволна оценка барем на некои аспекти на партнерскиот став кој се разликува од вашиот. За крај одговорете на прашањето: Околу што сте станале посвесни за себе и својот партнер?’’ Употребете ги следните 5 минути ова еден на друг да си го кажете.

Кога еднаш ќе ги дефинирате разликите кои ги имате со партнерот ќе увидите дека тие во суштина се мали. Често во една врска се користат претпоставки поврзани  со стравови дека партнерот (не) ве сака/почитува.
‘’Доколку ме почитуваш тоа би го направил на мој начин’’ и ‘’Доколку ме сакаше ќе ме слушаше повеќе што имам да ти кажам јас.’’ Чувствата кои се појавуваат поради постоењето на овие стравови може да бидат чувство на неадекватност, чувство на празнина, осаменост итн. На ова длабоко ниво може да се види дека несогласувањето може да биде начин на кој секој од партнерите се обидува да избегне или да се бори со одредени чувства и стравови. Сепак, понекогаш значајните и вознемирувачките разлики остануваат.
Во таквите случаи, она што можеме да го направиме е да ги прифатиме разликите.