Со едни пантолони, повеќе комбинации

од  |  0 коментари

Класичните пантолони кои помалку се шират надолу добро одговара на голем број на жените. Изберете модел со неутрален колорит и лено ќе ги вклопите са останатата облека. Можете да ги носите во различни прилики, во зависност од гардеробата со која ги комбинирате.

Елегантно – облечете свилена блуза и пократок струкиран сако, и ќе бидете елегантни и шармантни каде и да се појавите. Ако се одлучите за кошула во дезен, изберете кошула се едноставен крој, додека блузата со боја на слонова коска може да има карнери. Чевлите, секако да имаат високи потпетици или платформа. Изберете мала чанта со ланче наместо рачки.

Опуштено – тенка трикотажна туника со должина со пола бутина одлично ќе изгледа доколку се подготвувате попладневно кафе или во кино. Колан на струкот ќе ја освежи целата комбинација, но само доколку имате рамен стомак. Уз ова носете рамни балетанки или чевли со ортопедска пета, а од детали ставете голема шарпа или гламурозен накит.

Спортски – блуза и тексас јакна со рамни чевли или патики прават совршена комбинација за целодневна прошетка со другарки. Слободно облечете блуза во дезен или со силни бои, ставете плетен колан и земете најголема торба која ја имате.