5 модни грешки кои додават повеќе години и килограми

од  |  0 коментари

Комплетите од јакна и панталони или сукна и маица откриваат несигурност и моден лош вкус, додека гломазните потпетици прават да изгледате “незгравно”.

Некои парчиња гардероба можат да направат да изгледате 10 години постаро, но и неколку килограми подебело. За да ги избегнете визуелните варијации, мора да внимавате на следните работи.

1. Претесна сукна до колена

Тесниот крој до колена може да изгледа многу деловно но и прилично секси. Меѓутоа, таквата сукња мора совршено да ви стои, затоа што во спротивно создава спротивен впечаток за вас. Ако купите преголема сукна немојте да ја носите, туку посетете го најблискиот кројач  и прилагодете ја на своето тело. Исто така, сукната не треба да поминува подолу од колената.

2. Чевли и ташна во иста боја

Правило што слепо се почитвало во некои рани времиња на 21 век. Но сега повеќе не важи. Иста е ситуацијата и со карминот на устата, кој повеќе не гледаме да биде во склад со ноктите. Овие модни трикови некогаш беа закон, но во денешно време  можат единствено да направат да изгледате постаро.

Не придржавајте се стрикно до правилата и прописите, туку направете промени и играјте си со боите. Денешната мода го спојува нејспоивото и дозволува игра и експерименти со стиловите и боите.

3. Комплети

Речете му не на све што се состои од два дела. Комплетите составени од јакна и панталони или сукна со маица откриваат моден лош вкус или несигурност. Поиграјте си и искомбинирајте ја маицата со принтови или еднобоен џемпер или сако со некоја друга деловно-елегантна младешка комбинација.

4. Чевли со дебела пета

Дебели и гломазни потпетици, посебно оние пониските може да изгледаат многу несоодветно. Ако носите вакви чевли заради удобност, време е за удобност бидејќи постојат многу модерни штикли кои се истовремено многу удобни и елегантни. Римјанки, ниски заоблени чеблиња, плутани потпетици или сандали и популарни платформи се многу модерни и изгледаат одлично. Изберете модел кој најмногу ви се допаѓа и за истите пари изгледајте попривлечно и модерно.

5. Преголеми машки кошули

Широки, машки кроеви на кошули под кои го криете своето тело изгледаат многу невкусно и неприкладно. Доколку навистина сакате да ги прикриете недостатоците, барем претпочитајте женска облека, благо струкирани кошули и сако со подолг крој, со кои ќе ги прикриете критичните делови и ќе го нагласите тоа што треба.