Што чевлите зборуваат за него?

од  |  0 коментари

Тој треба да биде паметен, интересен, со смисла за хумор, но не заборавајте да ги погледнете неговите чевли. Обратете внимание на неговите чевли и тие ќе Ви откријат за каков маж станува збор.

Патики за нежните мажи – тој е многу чувствителен и се би направил за жена која сака. Духовит е, привлечен и омилен во друштвото. Малку е срамежлив и неодлучен, па затоа му е потребна поддршка во животот. Ги сака искрените и весели жени и сонува за складно и среќно семејство. Многу е успешен и амбициозен, но са сите негови успеси и резултати самиот е заслужен. Сака да помага на другите и тоа го усреќува.

Мокасини за креативни мажи – многу е креативен и со развиена фантазија, има романтичен поглед на живот и љубовта. Сака да им помага на луѓето, па затоа има многу пријатели. До себе сака да има нежна жена која ќе можи да ги прифати неговите чести испади и фантазии. Сака несекојдневни работи, па доколку сакате да го направите среќен, секојдневно изненадувајте го со мали изненадувања.

Чевли со шпиц за верните мажи – брзо се заљубуваат и сакаат долги врски. Верен е, но во исто време љубоморен. Многу е радознал и сака да експериментира. Многу анализира, па луѓето го доживуваат како многу специфичен. Меѓутоа, тој во суштина не е таков. Само сака добро да размисли пред да ја донесе одлуката. Го привлекуваат срамежливите жени кои ќе можи долго да освојува.

Чизми за амбициозни мажи – тој е амбициозен, со силен и цврст карактер. Одличен е љубовник кои знае да ја усреќи партнерката. Сака да доминира, поради што има понекогаш проблеми во врската. Ги сака силните и стабилни жени кои ќе му бидат цврст потпирач кога ќе падни во криза. Ужива во убавите работи и е вистински гурман. Најсреќен е кога до себе има жена со која ќе може за се да се договори.