Имунитет – прва одбрамбена линија

од  |  0 коментари

Што е имунитет и зошто е важен?

Човековиот   организам   е   во   постојан   контакт   со   бактерии,   вируси   и   хемикалии. Изложен e на зрачења и загадувања од различна природа. Со цел да се справи и да остане во хармонија и добро здравје  од најголемо значење е неговата способност да се одбрани од овие штетни влијанија.  Механизмот кој е задолжен да ја обавува оваа примарна задача за одбрана на нашиот организам е имунолошкиот систем.

Основа   на   имунолошката   реакција   е   да   го   препознае   “непријателот”   и   да   го неутрализира/отстрани од организмот. Тоа се случува со неспецифични  – вродени и специфични – стекнати механизми.

Физиолошката функција на имунолошкиот систем е да ги спречи инфекциите, но и да ги елиминира постоечките инфекции.

Затоа, може да се каже дека здравиот имонолошкиот систем е основен предуслов за здравјето на човекот, како и за долг и квалитетен живот. Ако е ослабена активноста на имунолошкиот  систем,  поподложни  сме  на  разни  инфекции,  а  неговата  зголемена активност значи предиспозиција за алергии и таканаречените автоимуни болести, кога организмот реагира на сопственото ткиво.

Што го намалува имунитетот?

Бројни чинители можат да го ослабат функционирањето на нашиот систем за одбрана: долги  и  тешки  болести,  стрес,  исцрпеност  и  хроничен  замор,  несоодветен  начин  на исхрана  при  која  е  намалено  внесувањето  на  некои  хранливи  материи,  витамини, минерали   и   антиоксиданси,   лошо   расположение   (песимизам),   нехигиена,   како   и животниот  стил  со  недоволна  физичка  активност.  Пушењето  и  други  штетни  навики исто така влијаат на намалување на имунитетот.

Како да го зајакнеме имунитетот?

За  добро  функционирање  на  имунолошкиот  систем  од  голема  важност  е  соодветно внесување   на   важни   елементи   во   исхраната   како:   цинк,   железо,   бакар,   селен, витамини  A,  B,  C  и  E  (се  наоѓаат  во  овошјето,  зеленчукот,  интегралните  житарици, ореви, бадеми, лешници и некои семиња).

Витамин  C  –  ги  стимулира  клетките  на  одбрамбениот  систем,  го  поткрепува  и  го зајакнува   имунитетот   и   има   силно   антиоксидативно   дејство.   При   болест   расте потребата на организмот од негово внесување.

Echinacea – најпознат растителен препарат за подршка на имнолошкиот систем.  Се употребува  при  хронични  заболувања  на  системот  за  дишење  и  при  склоност  кон чести  инфекции,  како  што  е  настинка.  Не  смее  да  се  употребува  при  автоимуни заболувања,   ниту   како   замена   за   антибиотска   терапија   кај   тешки   инфективни заболувања.

Пробиотици  –  треба  да  се  земаат  за  време  или  после  зачестена  употреба  на антибиотици кои ја нарушуваат цревната флора.

Прополис  –  содржи  голем  број  на  лековити  материи  кои  имаат  антоксидативни,

антимикробни, противвоспалителни и други лековити својства.

Матичен  млеч  –  содржи  висока  концентрација  на  биолошки  активни  состојки  од природно потекло као што се: аминокиселини, протеини, шеќери, масти, витамини (A, C, D, E, В), хормони.

 

Проф. Д-р Бистра Ангеловска