Органска храна од BeOrg- здравје за сечија трпеза

од  |  0 коментари

Органската храна не е само тренд, туку многу повеќе!

Благодарение на Бeорг, многу наши граѓани можат да пробаат, почувствуваат и искусат едно сосема ново искуство кога станува збор за храната, а тоа се органските производи- здрави, вкусни и Македонски, производи, производи кои во себе го содржат автентичниот вкус на храната и сите незини нутриенти- што во последните децении не е случај со храната која масовно сепроизведува и секојдневно ја консумираме ние, нашето семејство и нашите деца.

Тимот на Беорг мотивиран од идеата дека позитивното влијание на природната и органската храна се проширува врз здравјето, среќата, и обезбедува здрава, незагадена животна средина,  својата мисија да ја донесе органската храна до сечија трпеза помасовно, секој ден ја доближува се поблиску до секој од нас преку својата е-fresh продавница  со нарачка на неделна залиха на свежи и други органски производи преку својата web страна www.beorg.mk , а исто така и преку првиот Органски Базар кој секој Четврток Органската храна ја носи поблиску до вас во вашиот омилен Skopje City Mall шопинг центар.

2

Што преставува Органската неделна понуда на beorg.mk ?

Органската неделна понуда на органски производи актуелна е на официјалната страница www.beorg.mk. На оваа страница достапна е листа на неделни понудени органски производи (свеж зеленчук, овошје, козметика, житарки и јаткасти плодови, медови, џемови ……) кои можете да ги нарачате во текот на работната недела од Понеделник до Сабота (15 ч) и производите да си ги подигнете наредниот Понеделник од 16- 18 часот на ул.Апостол Гусларот бр.50 и за истите да си платите при нивното подигнување.

Доколку досега не сте направиле нарачка, ве покануваме и ве советуваме да пробате некој од производите на BeOrg, не само поради тоа што се пионери во комерцијализација на органската сертифицирана храна, но и затоа што овој начин на нарачка на производите веруваме дека ќе ви заштеди време и труд, а секако и ќе ви придонесе бројни бенефиции по вашето здравје.

Доколку пробате, веруваме дека ќе ги смените своите гледишта кон храната и дека секој ваш следен избор ќе биде органска храна- затоа што е безбедна, свежа, проверена, ослободена е од пестициди, не содржи GMO и токсини, а што е најбитно – има автентично Македонско потекло, хранлива е и вкусна, наменета за сите генерации,  што друго би посакале вие од храната?

111