3 бихејвиорални феномени кои влијаат врз вашата финансиска состојба

од  |  0 коментари

Луѓето се суштества кои дозволуваат да бидат понесени од емоциите.

Колку често купувате нешто ново за да се чувствувате подобро?

Често сме привлечени од страна на одредено негативно однесување дури и кога знаеме дека тоа е погрешно. Тоа се случува и кога станува збор за нашите финансии. За да станеме подобри во менаџирањето на сопствените финансии е да го редуцираме тоа емоционално однесување.

Првиот чекор кон препознавање на нашите ‘’слепи точки’’ e препознавањето на тенденциите кои функционираат ‘’против нас’’. Постојат неколку бихејвиорални феномени за кои е потребно да сме свесни за да ги контролираме подобро своите акции и да се заштитиме од сопствена експлoатација.

Ефект  ‘’Diderot’’
Кога купуваме нов стан или куќа зошто често имаме потреба да купиме нов мебел, па дури и мали предмети како нови крпи или пак држачи за тоалетна хартија кои одговараат со останатиот мебел во бањата?
Често старите предмети веќе не ни се доволни и сакаме нешто ново.
Истото нешто може да се случи и кога купуваме нова ташна а со тоа добиваме потреба веднаш да купиме и комплементарни чевли и марама, затоа што чувствуваме дека ни недостасуваат за да изгледаме комплетно.
Diderot-овиот ефект е резултат на добивањето на ново добро кој резултира со набавка на повеќе други комплементарни добра.

Бидете одговорни, планирајте колку е потребно да плаќате за доброто и во исто време да заштедите финансиски средства за иднина.Доколку креирате добар начин на планирање на своите финансии кои ќе ги преименувате во фонд за патување или ќе штедите средства за да бидете финансиски независни вие сте на добар пат.

Ефект Zeigarnik
Дали ви се случило да се разбудите во текот на ноќта со помислата дека сте заборавиле да го контактирате некој од своите клиенти или пријатели?
Овој феномен се поврзува Zeigarnik-овиот ефект, психолошка тенденција да размислувате и да се двоумите околу незавршените задачи наместо завршените.
Zeigarnik ефектот често се поврзува и со финансиската состојба.Постојат многу финансиски проблеми со кои секој поединец се соочува затоа што не креира соодветен финансиски план. Често финансиските грижи предизвикуваат проблеми поврзани со спиењето.

Планирањето на финансиите може да помогне повторно и во овој случај. Штедењето значи и проактивен пристап кон решавање на овој проблем.
Креирајте финансиска резерва од неколку месечни плати, грижете се за својот пензиски фонд навремено, а понатамошното штедење на 15-20% од вкупните месечни приходи може да ви обезбеди одредена стабилност при непредвидени трошоци во иднина.

Pareto принцип.
Pareto принципот е уште познат како 80/20 правило,каде 20% од потребите се витални а 80% тривијални. 80% од вкупните приходи на една компанија може да доаѓаат само од 20% од компаниските клиенти.
Размислете како ги користите својата енергија и финансиски ресурси. Размислете како да алоцирате одреден процент од вашиот буџет за иднината, идеата зад финансиската стабилност поврзана со заштедите влијае и врз вашата емоционална стабилност. Одлична можност е инвестирање во инвестициски фондови.

Извор: Brian Preston, Bo Hanson The Money-Guy Show“.
US News