Како да воспоставите добра комуникација со своето дете

од  |  0 коментари

Добрата комуникација е важна вештина која треба родителите треба што почесто да ја практикуваат. Родителството може да стане нешто во кое ќе уживате доколку постигнете да воспоставите позитивна ”родител-дете” комуникација. Без разлика на која возраст се вашите деца, добрата комуникација е клучот за градење на самодовербата и меѓусебната почит.

Основни принципи на добрата комуникација помеѓу родител-дете 

  • Дозволете му на детето лесно да го препознае вашиот интерес, вашата инволвираност и желбата да му помогнете
  • Исклучете го Тв приемникот, оставете го весникот кога вашето дете сака да има разговор со вас
  • Избегнувајте телефонирање кога вашето дете има нешто важно да ви каже- посветете го своето внимание на неговите потреби
  • Доколку не е потребно вклучување на други луѓе, разговорите со своето дете одржувајте ги во приватна средина, најискрена комуникација со своето дете можете да обезбедите во интимна средина
  • Поддржувајте го детето, но не ставете го во фокусот пред другите деца
  • Кога зборувате, ставете се во неговата положба и комуницирајте на негово ниво
  • Доколку сте лути за одредено негово однесување или инцидент, не започнувајте со комуникацијата се додека не бидете смирени затоа што во афектна состојба не можеме да бидеме објективни.
  • Родителите често по завршување на работните активности се уморни, но тоа не значи дека не можат да бидат активни слушатели.
  • Не прашувајте го детето зошто, запрашајте го што се случило.
  • Не заборавајте дека кога креирате навики кај своето дете потребно е да ја задржите својата позиција на родител но не користете зборови како: мрзелив, неспособен…
  • Помогнете му на детето да испланира одредени чекори до пронаоѓање на конечното решение
  • Покажете му дека го разбирате и го прифаќате без разлика на грешката која ја направило
  • Поттикнете го да зборува отвореноЗборови со кои можете да го поттикнете вашето дете да комуницираДецата тежнеат кон добивање на позитивно внимание, тие имаат потреба да се почувствуваат сакано. Некои родители често го истакнуваат негативниот фидбек наместо позитивниот. Преку користење некоја од фразите наведени подолу на дневна основа во комуникацијата со вашето дете, ќе откриете дека ќе комуникацијата ќе се одвива со внимание а детето ќе се труди повеќе да ги задоволи вашите барања.ДА , ДОБРО , МНОГУ ДОБРО , ОДЛИЧНО,   ДА, ТАКА ТРЕБА ТОА ДА СЕ НАПРАВИ,       ТОЧНО    ПРЕКРАСНО,   МНОГУ ПОДОБРО,  ОК,  ТОА Е СОВРШЕНО , ТВОЈАТА ИДЕА МИ СЕ ДОПАЃА МНОГУ,  СНАОДЛИВО , БРАВО, ТОА Е ПРЕКРАСНО,   МНОГУ СИ ОДГОВОРЕН/НА , ПРОДОЛЖИ СО ДОБРАТА РАБОТА, СЕ ГОРДЕАМ СО ТЕБЕ, ТЕ САКАМ,

    ………………………………………………………………………………………………………………………………………………..

    Доколку детето се соочува со константна критика , тоа учи да осудува;
    Доколку детето се справува со непријателски однос, тоа ќе научи како да се тепа;
    Доколку детето живее со потсмав, тоа ќе биде срамежливо;
    Доколку детето живее со страв, тоа ќе биде под константен притисок;
    Доколку детето живее со страв, тоа ќе се чувствува виновно;
    Доколку детето живее со толеранција, тоа ќе научи да биде трпеливо;
    Доколку детето живее со охрабрување ќе научи да биде храбро;
    Доколку детето живее со мотивација, тоа ќе научи како да има самодоверба;
    Доколку детето живее со прифаќање ќе научи како да сака;
    Доколку детето живее со искреност, ќе научи што е вистината;
    Доколку детето живее со праведност, ќе научи за правда;
    Доколку детето живее  во пријателски- настроена средина, тоа ќе научи дека светот е прекрасно место во кое ќе живее со љубов;